Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Но дали оваа желба всушност не е премногу утописка? Ви претставуваме една поинаква перспектива на тема односите меѓу родителите и нежните детски чувства, од германската семејна терапевтка Анет Ренер ...
Табу ли се расправиите во присуство на малото дете?
"Не би требало да се табу, бидејќи дури и да е тешко да се поверува, и тие може да имаат корисен ефект. Преку нив детето дознава дека во животот секогаш има различни перспективи, а не една претстава за светот ", објаснува психологотот. Според неа, секој спор е потенцијална можност за напредување, бидејќи така малото дете сфаќа дека треба да ги изразува чувствата и она што внатрешно го мачи, а понекогаш, пак, треба и да се бори за да ја наметне својата позиција. Освен тоа тензиите меѓу родителите и онака се чувствуваат од детето и ако родителите му кажат дека "сè е во ред". Дешифрирајќи ги невербалните сигнали за конфликт, кај него се раѓаат анксиозност и конфузија.
Скандал ... во разумни граници
Се разбира, расправијата помеѓу мама и тато во присуство на малото дете треба да има разумни граници. "Неприфатливо е детето да присуствува на скандали со вербално насилство, на грубо зголемување на тон, на спор поврзан со сексуалниот живот на двојката или со други луѓе од блиското опкружување на детето, и др. "Важен услов исто така е детето да не се вовлекува во спорот, па потсвесно да се чувствува обврзана да заземе страна", предупредува Анет Ренер.
Конструктивно решавање на проблемите
За да ја иклустрира идејата, психологот дава конкретен пример за типичен конфликт кој може да се случи во животот на двојката за време на породилно отсуство. "Таткото работи многу, загрижен за финансискиот опстанок на семејството и доаѓа премногу доцна од работа. Неговата партнерка, која е посветена цел ден на грижи за детето и на домашните обврски, е особено скисната бидејќи токму вечерва имала средба со пријателки, која сепак морала да ја одложи заради доцнењето на таткото. Кога тој влегува дома, таа му се обраќа со ироничен и доста груб тон: "Значи се реши конечно да си дојдеш! Може ли барем еднаш да сметам на тебе ?! ", а од своја страна, мажот не и останува должен и нејзината одговара нешто од ваков вид на:" За кого мислиш дека работам толку многу ?! Го сакаш најубавиот стан, најскапата кола ... И што толку се жалиш дека ти е тешко да одгледуваш едно дете ... "Ова е пример за конфликтна ситуација во која двајцата партнери се надмудруваат меѓусебно. Ова може да е првиот чекор кон отворањето на голем јаз помеѓу нив.
Конструктивниот дијалог во таква ситуација е жената да го изрази разочарување од доцнењето на партнерот, но да напомене дека сепак се надева дека следниот пат тој ќе е точен. Во одговор мажот може да се извини за доцнењето, но и тој да изрази како се чувствува", заклучува Анет Ренер.
забава Бремените
Автор: bobik
Навики што тивко ве дебелеат. Како да ги смените?
Не се секогаш големите оброци или слатките во полноќ причината за ната...
Промена на рутина при променливи температури
Температурните осцилации не влијаат само на расположението, туку тие о...
8 грешки што ги правиме на екстремни горештини
Летните жештини се повеќе од непријатност. Тие можат да бидат и опасно...
Враснатиот нокт или медицински познат како онихокриптоза е честа појав...
Кашлицата кај малите деца е чест и често вознемирувачки симптом кој мо...