Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Симтомите на ова психичко нарушување се слични на симптомите на вистинската бременост и често пати е тешко да се разликуваат од карактеристичните знаци, како што се утринското гадење и повраќање, размекнати гради и зголемување на телесната тежина. Само 18% од жените со псевдоциеза се навремено дијагностицирани од страна на стручни лица. Во некои случаи, единствената разлика помеѓу вистинската бременост и псевдоциезата е присуството на фетус.
Не постои универзална и утврдена теорија за тоа што ја предизвикува оваа состојба. Една од теориите тврди дека лажната бременост е причинета од емоционален конфликт на жената. Се смета дека интензивната желба да се остане бремена, или пак интензивниот страв од бременост, може да создаде внатрешни конфликти и промени на ендокриниот систем, што може да ги објаснат некои од симптомите на псевдоциезата.
Втората теорија тврди дека жените кои очајно сакаат да останат бремени, може да ги интерпретираат промените на телото како знаци за бременост. Третата теорија ја бара причината во депресивната состојба на жената, која прави хемиски промени во нервниот систем, што може да ги поттикне симптомите на псевдоциезата.
Бидејќи не се знае точната причина за појава на оваа состојба, не постојат специфични терапевтски пристапи кон овие пациенти. Во некои случаи, на пациентките им се даваат медикаменти за симптомите, но сепак, основата е третманот е психотерапија.
23
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Први чекори кога бременоста не доаѓа
Кога посакуваната бременост не се случува веднаш, многу парови чувству...
Кога отокот во бременоста е нормален, а кога е аларм?
Отекувањето на стапалата, глуждовите и дланките е чест симптом за врем...
Разлика меѓу природни и синтетички витамини
Витамините се неопходни за правилно функционирање на организмот, но ко...
Апликации за следење овулација кои вредат
Следењето на менструалниот циклус и овулацијата денес е полесно од ког...
Стрес и забременување, што навистина помага?
Кога паровите се обидуваат да добијат дете, често слушаат совети од ти...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?