|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Првиот ден во прво одделение

Редакција Рингераја, 29.8.2013
Што е важно да се знае при поаѓањето во прво одделение?

image
/11


 

 

  1. Од првиот ден важно е одењето во училиште да се поврзи со радосни моменти во семејството. Без брзање и паника, родителите навреме ќе го разбудат своето дете за одење во училиште. Тргнете од дома на време. Дојдете во училиште доволно рано (10-15 минути пред почетокот на часот), за да имате време да се поздравите со детето и тоа да може да им се придружи на другите деца во играта. Кога детето ќе се вклопи доволно е само кратко да го поздравите и да го оставите во друштво со врсниците, за да биде што посамостојно.
  2. Обрнете внимание детето наутро да појадува. Доколку нема училишна ужинка, ставете му храна во ранчето, за да не мора да купува од продавница.
  3. Ранецот, книгите и училишниот прибор подгответе ги заедно со детето претходната вечер. Распоредот на часовите ставете го на видно место во собата. Научете го детето што побрзо да се осамостои во спремањето на училишниот ранец. Исто така претходната вечер извадете чиста облека за да не губите време наутро.
  4. Во првите неколку недели потребно е родителите да го носат и земаат детето од училиште, но постепено да го подготвуваат за самостојно одење.
  5. Поврзете се со други родители кои живеат во Ваша близина за да може Вашето дете подоцна да оди во група на училиште. Поврзувањето со другите родители е важно за да може детето да препише што не запишало, и да праша за домашната задача, ако заборавило.
  6. На детето му е потребен сон од 8-10 часа за да може нормално да функционира на училиште.
  7. Ставете иницијали на школскиот прибор и опрема и научете го детето да внимава на своите работи. Се препорачува да не се носат вредни работи на училиште.
  8. Детето треба да знае каде се наоѓате или да знае Ваш број на телефон, во случај на потреба. Децата често ги губат мобилните телефони, или се оптоваруваат со тоа да не ги скршат.  Ако Вашето дете носи мобилен телефон, објаснете му како се пали и гасне, затоа што за време на настава телефонот треба да биде исклучен.
  9. Кога часовите ќе завршат дочекајте го своето дете пред училиште. Насмејте се и немојте да доцните, бидејќи детето ќе се уплаши  ако не сте таму каде што сте се договориле да го чекате.
  10. Научете го Вашето дете само да Ви ги покажува пораките од учителката напишани во блокчето.
  11. Одберете време и место за пишување на домашна работа и држете се до тој распоред. Научете го детето дека најпрво мора да заврши со училишните обврски, а потоа да игра. Помогнете му, но немојте ништо да правите наместо него.
  12. За сите прашања обратете и се најпрво на учителката која ќе Ви помогне и ќе Ве сослуша.

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детска непослушност: Ти не си ми шеф!
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се сп...
3
Не разговарајте со мене додека детето има ...
Не ме осудувајте. Не ме гледајте попреку. Не си замислувајте дека со еден шепот можете лесно да го решите проблемот. На ...
3
Силување со родителска љубов?!
Впечатлив текст за тоа како несакајќи го расипуваме животот на нашите деца, доведувајќи ги до неврози, несамостојност и ...
3
Моите деца не ме слушаат!
Не е важно колку пати ќе им кажам на децата да направат нешто, освен ако не направам нешто драматично, како гласно викањ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?