|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Прва посета на стоматолог на вашето дете

Етерна Дент, 4.5.2010
Кога се препорачува детето за прв пат да посети стоматолог?

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Од раѓањето па се до 6-тиот месец новореденчето е беззабо. Од 6-тиот месец до навршувањето на втората година од животот, кај детето вообичаено никнуваат сите млечни заби. Овие временски рамки се флексибилни и зависат од многу фактори, но доколку кај детето до 1 год. не е никнато првото запче - посетете го стоматологот за да се утврди причината за неговото доцнење.
Првата вистинска посета на стоматолог пожелно е да се случи кога ќе никнат сите млечни заби. Тогаш ќе бидете обучени како да ја оддржувате хигиената кај детето, а тоа стекнува позитивна навика и пријателски однос со неговиот стоматолог. Тој однос е неоптоварен со траумите кои ги доживуваат оние деца кои за првпат се сретнуваат со својот доктор кога се во голема болка и не знаат што ги очекува во ординацијата. При својата прва посета на детето ќе му бидат покажани и објаснети со детски јазик инструментите и деловите на машината и така целата ординација му се демистифицира. Кога ќе треба да се изврши некаква интервенција тоа дете е веќе подготвено да соработува затоа што знае дека неговиот стоматолог работи за негово добро и е негов пријател. Во детскиот период пожелно е да го посетувате стоматологот на 6 месеци, при што:
  • се врши контрола на денталниот плак,
  • следење на растот и развојот на лицевиот скелет и меки ткива,
  • растот и развојот на забите,
  • нивната поставеност во забниот низ,
  • се утврдува потребата од ортодонтски апарати,
  • се врши флуор превентивен третман,
  • кариес превентивно залевање на забите,
  • се врши рана детекција и санација на кариес.
Особено е важно да се заблежи никнувањето на првите шестодишни катници и да се следат упатствата за нивна заштита од кариес. Затоа неизоставно на шест години направете една консултивна посета на стоматолог за тој да ви даде насоки кои можат да имаат големо значење за изгледот на вашето дете. Долгорочниот, континуиран, позитивен однос кон стоматологот е една многу здрава и позитивна навика за што вашето дете еден ден сигурно ќе ви биде благодарно.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Рутина за спиење без стрес
Малото дете расте, а со тоа се менува и неговиот ритам. Еве како да создадете нова рутина што ќе му одговара и на детето...
4
Колку треба да јаде вашето мало дете?
Малите деца растат неверојатно брзо, а нивната исхрана игра клучна улога во правилниот раст и развој. Но, колку всушност...
4
Како децата најдобро учат? Техники за конц...
Мозокот на децата е неверојатно пластичен, што значи дека има огромна способност да учи и да се адаптира.
3
Мастика во детска уста – да или не?
Џвакањето мастики често изгледа како безопасна навика која им носи задоволство на децата, пријатен вкус, забава и чувств...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali sportuvate?

Da (0%)

Ne (100%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!