Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Паричник на седиште – магнет за крадци
Основна превентивна мерка за безбедност на автомобилот при кражба е во автомобилот да не оставаме вредни предмети. Особено вредните и скапи предмети не смее да стојат на видни места во автомобилот. Ништо не не чини ако очилата за сонце, мобилниот телефон, саатот и други вредни предмети ги ставиме во багажникот или во затворен дел од колата предвиден за таа намена. Иако ни тоа не ни дава целосна сигурност дека така ќе се заштитиме од разбојници, сепак ризикот од провалување на автомобили се намалува. Посебно ако од видните места ги тргнеме актовките, паричниците и парите кои крадците најповеќе ги привлекуваат.
Алармот не може да спречи кражба
Ако одлучите да инсталирате алармен систем, треба да знаете дека негова примарна функција е да алармира за моменталната ситуација но не и да ја спречи кражбата. Со оглед на тоа дека најефикасните алармни системи се најсилни, моќниот звук може да го доведе до конфузија разбојникот и да го сврти вниманието на околината со што автомобилот кој е разбиен брзо би го напуштил. Како што кажавме делотворноста на овој систем не ја спечува можноста за разбивање на автомобилот.
Да ја известиме полицијата, и да внимаваме да не се уништи следењето
Доколку дојде до разбивање на нашиот автомобил за тоа мора што поскоро да ја известиме полицијата. Најдобро би било кога би ги известиле од самото место каде што е извршена кражбата, со што би внимавале да не дојде до никаква промена во околината каде што е извршена самата кражба. Тоа ќе го направиме така што нема да ги допираме околните предметите и што помалку ќе се движиме во околината каде што е извршено разбојништвото.
Сериските броеви се од голема помош
До пристигнувањето на полиција треба да пробаме да се сетиме на што повеќе детали, како на пример: кога го оставивме автомобилот на местото на кражба, колку време бил паркиран на тоа место, треба да се земат во предвид и сите останати ситуации кои би ни биле од корист, како на пример кога ни било возилото отуѓено и точен опис на некои предмети. За докажување на нашата сопственост пред се на техничките предмети најдобар пример е серискиот број на одредениот производ. Убаво би било доколку имаме сериски броеви од предмети кои ни се украдени: Апарат, ГПС, телефон, звучници,и други технички предмети кои сме ги имале во автомобилот. Тој податок би им бил од голема помош за полесно пронаоѓање на сторителот и полесно пронаоѓање на украдените предмети. На полицаецот може да му кажеме и некои доверливи информации во врска со украдените предмети, ако имаат некое посебно обележување, некоја лепенка или слично. Доколку ни бидат украдени кредитните картички треба веднаш да ја известиме полицијата за да се блокираат сметките па дури и мобилната картичка треба да известиме да биде блокирана. Известувањето за блокирање на картичките го врши полицијата, а за повторно издавање треба сами да се погрижите.
Внимаваме, каде го паркираме автомобилот
Со своето внимание можеме да ја намалиме можноста да дојде до разбивање и кражба во нашиот автомобил. Некои мерки во однос на тоа веќе наведовме, но исто така мора да внимаваме каде го паркираме автомобилот и колку време ќе биде паркиран на тоа место. Неосветлен крај и темни улици ја зголемува можноста за разбојништво. А на безбедните и сигурни паркинзи треба да се плати. Износот кој треба да го платите за паркирање во многу случаи изгледа многу висок, но напротив цената е многу ниска во однос на тоа што може да се случи доколку дојде до разбивање на автомобилот и кражба на сите наши вредни предмети.
Бррррр....
пеперутка16
Дали некогаш сте се сретнале со нешто непознато на кој било начин, нешто натприродно за нас луѓето?! Духови, ѓавол, шејтан......