|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Приказна од душата...

Babyhope, 13.5.2011
Вистинска приказна од забременување

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Љубов, бескрајна љубов помеѓу нас двајца. А сакавме да бидеме тројца, па дури и четворица. Сакавме да бидеме едно мало, среќно семејство...

 

Но не се случи, ги немаше долгопосакуваните две цртички ниту првиот месец, ниту првата година.

 

Ги нема ни на последната годишнина од нашиот заеднички живот.

 

Со секој месец, со секој направен негативен тест многу солзи, многу разочарувања, многу изгубени надежи. А посакуваме, толку силно посакуваме колку што е силна и нашата љубов сиве овие 10 години...Малечки прстиња кои не милуваат, најубави гласчиња кои не довикуваат. Најубави имиња кои ги измислуваме...

 

Домот е празен, се чувствува дека нешто недостaсува, дека е време да се случи најголемата радост за двајца кои безмерно се сакаат.

 

Имаме толку многу топлина, грижа и љубов да подариме.

 

Сакаме да бидеме мама и тато!


Сакаме да се будиме навечер со мисла дали нашето малечко е нахрането, преслечено, наспано. Сакаме да се шетаме низ паркот гушнати а бебешката количка да одзвонува со приспивната песничка. Сонуваме за тој ден кога на сите ќе може да им соопштиме дека во мешето ќе имаме наше бебенце, наше мало сонценце. Мечтаеме за тој ден веќе со години...

 

Болката е се поголема, надежта се буди и се гасне во нас. Смислата на животот се губи при помислата дека нешто толку посакувано можеби никогаш нема да се случи.

 

Зарем толку многу бараме, зарем ние тоа не го заслужуваме?

 

 

И повторно ќе се јави мајчинскиот инстикт, ќе ме прекори и ќе ги растера овие мрачни мисли. Ќе ме предупреди дека борбата продолжува, дека утре е нов ден и дека можеби токму тој ден за прв пат ќе ги здогледаме нашите две сини или розеви цртички...

 

Рингераја и посакува што поскоро забременување на Babyhope!

  bubamara1

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што значи да имате непроодни јајцеводи?
Кога се зборува за неплодност, еден од поимите со кои може да се сретнете е непроодни јајцеводи. Но што точно значи тоа ...
4
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнување. Може значително да влијае и врз самодовербата...
3
Лековити растенија за полесно зачнување
Лековитите растенија се дар на човештвото против многу болести и несакани состојби. Тука можеме да ја споменеме и хранат...
3
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репродуктивното здравје, и кај жените и кај мажите.
3




Анкета

Дали ви се допаѓа името Јана?
*Daniela*



Да, многу (43%)

Да (23%)

Па..да (14%)

Не ми се допаѓа (9%)

Не (8%)

Воопшто не ми се допаѓа (3%)


Број на сите гласови: 123

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!