|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Прашавме доктор: Потпомогнато оплодување

Редакција Рингераја, 8.12.2010
Рингераја постојано и будно ги следи Вашите проблеми од сите области. Со цел да Ви помогнеме воспоставивме соработка со стручни лица кои ќе одговараат на најчестите проблеми на нашите корисници.

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Редакција Рингераја :

Објаснете ни ја поопширно постапката на инсеминација

 

Одговор:

Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика

Спермата од сопругот(партнерот) се обработува во лабораторија со посебна (swim-up) метода. Притоа, за околу 2 часа се издвојуваат само најквалитетните и најспособни за оплодување сперматозоиди. Потоа истите, со посебен катетер се вбризгуваат директно во шуплината на матката. Оваа постапка се прави секогаш околу овулацијата. Најчести индикации се субнормален спермиограм и претходни интервенции на грлото на матката.

 

Редакција Рингераја :

 Објаснете ни ја поопширно постапката на ин витро

 

Одговор:

Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика

По претходните комплетни испитувања на обата партнера и поставување на индикација за ИВФ, постапката најчесто започнува 21/22 ден од м. циклус со примање на еден тип поткожни инjекции секој ден. По добивањето мензес, од 2/3 ден на првите се додават  уштее ден тип инjекции(за стимулација на раст на повеќе фоликули). Така се продолжува уште 8-15 дена, со ултразвучно следење на фоликулите и хормоните во крвта. Потоа, кога докторот ќе процени, се дава инјекција за зреење и 32-36 часа по неа следи трансвагинална ултразвучно водена пункција на фоликулите со што се собираат јајцеклетките. Истовремено со пункцијата партнерот остава примерок сперма која по обработката се спојува со јајцеклетките во лабораторијата. Воколку настапи оплодување, 3-5 дена по пункцијата се враќаат 1-3 ембриони во матката(ембриотрансфер). Во следните две недели по пункцијата пациентката прима вагинално и орално одредени лекарства . Тестот за бременост се прави обично 12-14 дена по трансферот. 

 

Редакција Рингераја :

Дали после ембриотрансфер жената треба да мирува, или може да продолжи со нормалните активности?

 

Одговор:

Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика

Различни институции различно препорачуваат. Ние препорачуваме два часа лежење по трансферот, а да се врати на нормална активност по 2-3 дена.

 

Редакција Рингераја :

По колку денови се прави Бета hCg?

 

Одговор:

Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика

12-14 дена по трансферот

 

Редакција Рингераја : 

Дали е препорачливо пациентката да прави хемиски тестови за утврдување на бременост, при ин витро оплодување?

 

Одговор:

Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика

Нема потреба ако може да се одреди Бета хЦг во крв во назначениот термин.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Природни симптоми на овулација
Овулацијата е клучен момент во менструалниот циклус и претставува период кога шансите за забременување се најголеми.
5
Како да се подготвите за спермограм?
Спермограмот е едноставен тест, но подготовката за него прави огромна разлика.
5
Вагинален дисбаланс
Вагиналното здравје е чувствителна тема за многу жени, но од суштинско значење е да се разбере колку голема улога има pH...
3
Плодни денови?! Одиме во кревет!
Денес е ден за правење бебе! Паровите кои работат на бебе веќе неколку месеци, знаат дека ваков повик за секс ја убива ж...
3




Анкета

Kjara
Nova_Mamicka

Sto mislite za ova ime?

Mi se dopagja (43%)

Ne mi se dopagja (57%)


Број на сите гласови: 184

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!