Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Редакција Рингераја :
Кои се најверодостојни методи на утврдување на овулацијата?
Одговор:
Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика
Одредување прогестерон во крв 7 дена пред мензес најверодостојно потврдува овулација. Вредностите треба да се високи ако се случила овулација (постојат мали варијации од лабораторија до лабораторија). Најдобро доктор да го интерпретира резултатот. Сите други методи поединечно или во комбинација се корисни, но не толку точни,брзи, а едноставни.
Редакција Рингераја :
Дали постојат билни препарати за кои медицината признава дека ја зголемуваат плодноста?
Одговор:
Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика
Генерално, се што е природно не би требало да е штетно. Сепак, правилен секојдневен внес на витамини и минерали со храната и одбегнување на фактори(пушење и сл.) кои може да доведат до ослабување на фертилитетните параметри се првите препорачани мерки. Често некои билни препарати се препорачуваат под девизата: можеби ќе помогне, а нема да наштети.
Редакција Рингераја :
Дали е препорачливо во постапка на стимулација на овулација да се пие чајот мацина трева?
Одговор:
Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика
Нема докази дека тој чај или било кој друг помага при стимулацијата.
Редакција Рингераја :
Дали и кои вагинални инфекции влијаат на неможноста за забременување?
Одговор:
Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика
Вагиналните инфекции се потенцијално опасни доколку се прошират асцендентно кон грлото и телото на матката, а особено јацеводите(тубите). Најчесто поврзани со неплодност се хламидија, гонореа некои други неспецифични.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...