|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат дали детето има вирусна или бактериска инфекција

image
/11


 

Оваа информација е многу важна, бидејќи со откривање за каква инфекција станува збор, лекарите полесно можат да ја дијагностицираат и утврдат терапијата. Исто така, оваа анализа придонесува за намалување на непотребната употреба на антибиотици. 

Сепак, родителите треба да бидат свесни дека покачениот CRP сам не може да се користи за да се постави дијагноза. Важни се и други индикатори - физички преглед на детето, биохемиски анализи и други параметри на крвната слика.


Што е CRP (Ц-реактивен протеин)?

 CRP е протеин во човечката крв кој реагира со раст во случај на акутен воспалителен процес во организмот. Се синтетизира во црниот дроб во присуство на воспаление. Тоа е реактант во акутна фаза кој рапидно расте, не специфично, како одговор на оштетување на ткивото и воспаление. 
CRP е општ маркер, што значи дека неговата зголемена вредност укажува на присуство на воспалителен процес во телото, но не и од каде доаѓа воспалението. 
Мерењето на неговото ниво во крвта се користи за дијагностички цели, за идентификување на сегашниот воспалителен процес во телото, како и за следење на одговорот на применетата антиинфламаторна (обично антибиотска) терапија. 


Кое е значењето на резултатите од тестот ЦРП?

CRP-тестот може да помогне при: 
Проценки на сериозноста на воспалителниот процес;
Рано откривање на постоперативни компликации;
Откривање на отфрлање на трансплантација;
Следење на успехот на третманот со антибиотици кај бактериски инфекции;
Следење на пациенти со воспалителни ревматски заболувања;
Вашиот лекар може да побара испитување на ЦРП за да провери воспаление, што може да укаже на инфекција или хронично воспалително заболување, како што е ревматоиден артритис или лупус. 
CRP е корисен маркер во дијагностицирањето и следењето на ефектите од третманот на акутни воспалителни процеси, особено во единиците за интензивна нега и кај малите деца. 

 

Кога треба да се направи тест за ЦРП?

 Вашиот лекар може да побара од вас да ги проверите нивоата на CRP во крвта кога се сомнева на инфекција или друга медицинска состојба. 
ЦРП-тест треба да се изврши ако постои сомневање за бактериска инфекција врз основа на медицинската историја на пациентот, објективните знаци и симптомите. 
Тестот е важен и кај новороденчињата кои покажуваат знаци на воспаление или кај пациенти кои имаат симптоми на сепса: треска, отежнато дишење и забрзано чукање на срцето. 
CRP е многу корисен кај пациенти кои се во постоперативно закрепнување. Ако вредностите на CRP останат покачени по третиот ден од операцијата, може да се посомнева во бактериска инфекција.


Која е најчестата примена на CRP тестот?

 Определување на неговото ниво се препорачува кај лица со сомневање за воспаление предизвикано од бактериска инфекција. 
Особено е корисно за разликување на вирусни од бактериски инфекции. 
Имено, кај вирусни инфекции (воспаленија) кои се придружени со зголемена седиментација и зголемен број на леукоцити, CRP останува во понизок опсег отколку во случај на бактериска инфекција, во тој случај нејзиниот раст е многу поголем. 
Исто така е важно при следење на хронични состојби, кај луѓе кои страдаат од артритис, автоимуни заболувања или воспалителни болести на цревата. 
Зголемување на CRP е присутно во следниве случаи:
Во воспаление: бактериски инфекции, вирусни инфекции, по срцев удар и по операција.
Кога постои системско воспалително заболување на пр. ревматичен артритис.
Во присуство на малигни заболувања;
Алергиски реакции;
Во хронични воспалителни болести, како што се ревматоиден артритис или лупус.
Во последната четвртина од бременоста.

 

Референтни вредности на ЦРП и други вредности

Во акутна инфламаторна реакција, концентрацијата на CRP се зголемува повеќекратно. Почнува да расте за 6-9 часа од појавата на воспаление, а достигнува максимум за 48 часа. 

Референтни (нормални) вредности на CRP се <5mg / l. 
Малку покачени вредности на CRP помеѓу 10-40 mg / l укажуваат на благо воспаление. 
Зголемените вредности на CRP помеѓу 40-200mg / L укажуваат на акутно воспаление. 
Зголемените вредности на CRP помеѓу 40-200 mg / L укажуваат на акутно воспаление најчесто предизвикано од бактерии, додека кај сериозни бактериски инфекции нивото на CRP може да биде поголемо од 200 mg / l. 
Малку покачени вредности на CRP до 40 mg / l исто така може да се забележат кај постари лица, во бременост, пушачи и вирусни инфекции. 


Затоа, при толкување на резултатите и донесување на медицински заклучок, потребно е да се земат предвид и другите лабораториски параметри како што се комплетна крвна слика со леукоцитна формула, т.е. стапка на седиментација на еритроцити и фибриноген. 
Резултати повисоки од 50 mg / L се знак на сериозна инфекција, траума или хронична болест, што веројатно ќе бара дополнително тестирање за да се утврди причината. 
Во такви ситуации, "брзата идентификација на единствен бактериски патоген" е особено важна за да се утврди насочената антибиотска терапија. 


Како да се подготвите за тест за CRP?

 Не е потребна посебна подготовка за тестирање на ЦРП. 
Меѓутоа, ако вашата крв е земена за други тестови, можеби ќе треба да следите други упатства. Прашајте го вашиот лекар ако имате и други тестови во исто време. 
Некои лекови можат да влијаат на нивото на CRP. Кажете му на вашиот лекар и лабораториски асистент при приемот за лековите што ги земате. 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

12 најубави посни салати
Велигденските пости започнаа. Ви предлагаме 12 рецепти за убави посни салати
4
Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
3
Што се рамни стапала?
Нормално, разбираме „рамни стапала“ како намалување на висината на надолжниот плантарен лак (исто така наречен плантарен...
3
Чекорење напред! Детски чевли со оптимално...
Интервју со Дипл. бизнис економист (БА) Тристан-Себастијан Ниче, извршен директор на Daumling Kinderschuhfabrik GmbH
3




Анкета

Расположението во бременоста.
Admin

Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?