|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Поддржуваме мали бизниси: tilia.organica

Марина Кљајиќ Петковски, 21.8.2023
Многу често знам да се пошегувам со моите пријатели и љубители на органска козметика, дека tilia.organica е корона производ,бидејќи идејата и почетоците настанаа токму тогаш, во тој период кога бевме затворени

image
/11


 

Многу често знам да се пошегувам со моите пријатели и љубители на органска козметика, дека tilia.organica е корона производ,бидејќи идејата и почетоците настанаа токму тогаш, во тој период кога бевме затворени, кога светот запре и кога не зневме што со себе. Сега гледам дека тоа беше период во нашите животи кога многу нешта се променија, некои на лошо, некои на добро и извадија кај многу луѓе нешто што си го носеле во себе како пасија, како хоби, како желба да го остварат, но не се создале услови за тоа.

Јас од секогаш сум била заинтересирана за природата и природното, односно она што вирее на нашите простори како тоа влијае на нашата кожа, коса, тело и од секогаш бев убедена дека ништо во природата не е случајно. Сите тие бои, мириси, форми, лековитост, кои ни ги дава природата се величествени и толку моќни, и затоа треба да имаме огромна почит кон природата и да го искористиме тоа што ни го дава, а колку повеќе земаме и ја негуваме, толку повеќе ни дава. Верувајте дека е така!

Зад tilia.organica стои жена адвокат со повеќе од 20 годишно искуство во оваа основна професија. Затоа кога ќе ме прашаат дали сум технолог, а јас ќе им одговорам дека сум адвокат по професија, остануваат збунети, но пријатно изненадени затоа што тоа се две сосема различни професии, а мислам дека убавината е во различноста.

1

Почнав со книгата на Биодевојка, која ја набавив од Арсламина и сакав да пробам да направам некоја крема за раце, бидејќи во книгата се нудат рецепти за нега со материјали кои најчесто ги имаме во домашни услови. Ми недостасуваше само пчелин восок кој го набавив од човек од кој купувавме мед и излезе првата крема за раце која во текстурата беше многу тврда, да не кажам непријатна, но за нега на рацете беше неверојатна, знаејќи дека пчелиниот восок дава хидратација, мекост, заштита, антибактериско, антивирусно дејство, а во комбинација со ладно цедените масла и путери резултатот беше фантазија.

Јас секогаш велам дека моите производи можат и да се јадат, бидејќи нема никаква хемикалија која е штетна зашто според мене се што јадеме можеме да го ставиме на кожата.

Потоа се редеа коцките, почнав да правам сама масла, набавував убав, прочистен пчелин восок, почнав да берам невен, кантарион, ајдучка трева, лаванда, жалфија, рузмарин, мајчина душичка од чиста незагадена средина, набавив прецизна и квалитена опрема за изработка на производите-материјали за подготовка на производите, секачи за сапуни, амбалажи, се поврзав онлајн со многу производители на hand made козметика и изработка на сапуни ширум светот, споделувавме искуства, идеи, знаења, се со цел да извадиме најдобро од природата во еден производ.

 

2

Рингераја: Кои производи поточно ги нуди Tilia.organica

Tilia.organica нуди органски производи за нега на лице, раце, тело и коса кои се подготвени рачно со прекрасни масла и мацерати кои дел јас сама ги подготвувам од билки кои виреат на нашето поднебје, а дел се набавени од странство.

Дел од љубителите на органска козметика побараа за своите миленици да подготвам и балсам за шепи за миленици, па така излезе и таков балсам кој со прекрасните состојки и етерични масла помогнаа многу не само за нега, туку и за санирање и ублажување на рани и иритации на кожата на милениците.

Крем за лице со хијалуронска киселина и ладно цедени масла, за одржување на влажност на кожата; крем за лице со шеа путер и смиљ за сува кожа е една од најбараните креми; колаген витамин бустер крема со колаген и голем спектар на витамини за подобра абсорпција на колагенот на кожата; колд крем-регенеративна масна крема со пчелин восок и прекрасни ладно цедени масла; релаксирачка купка за стапала која во комбинација со кремата за стапала дава совршен резултат на нежна и негувана кожа на стапалата и многу други производи кои се претставени на инстаграм профилот.

Направивме и специјална крема за мажи, чија кожа по својата природа е подебела и помасна, па затоа кремата за мажи ја направивме полесна, со најквалитетни базни масла и чисти етерични масла од чемпрес и лаванда кое го набавивме директно од Хвар.

Освен тоа, tilia.organica произведува и рачно изработени сапуни кои се исклучиво вегански и подготвени од ладно цедени маслиново, кокосово, рицинусово, бадемово масло, сончогледово масло, палмино масло, нерафинирани шеа путер и какао путер, манго путер, додатоци од камилица, невен, кантарион, сите видови на глини кои се неверојатно корисни за нашата кожа во зависност од типот на кожата.

Неодамна набавив и машина за ладно цедење на базните масла од бадем, лешник, индиски орев, црно семе, ленено семе од кое ги правам кремите за лице, тело, раце.

Затоа велам, сето она што го ставаме на нашата кожа како најголем орган на телото, може слободно и да го конзумираме.

Она што е најбитно и најважно е дека кога ги изработувам производите внесувам мноооогу љубов, музика, убава енергија и сето тоа дава прекрасен резултат кој го чувствуваат и тие што ги користат.

 

3

Рингераја: Колку потрошувачите се заинтересирани за вашите услуги?

Тоа што најмногу ме радува е што интересот за органско, рачно изработено од година во година се зголемува кај нас.

Најдобра потврда ми се постојаните потрошувачи, кои прв пат пробале и потоа редовно нарачуваат и сакаат да им изработам соответен производ за нивната кожа од палетата на производи кои јас ги правам.

Човечкото око е перфектно и го препознава она што е убаво, квалитетно и природно, па секако tilia.organica посвети многу внимание и на пакувањето, кое исто така треба да одговара на она што е органско, рачно изработено и се со цел за заштита на нашата планета Земја. Така најголем дел од производите се во стаклена амбалажа, со дрвени рециклирачки лажички за полесно и хигиенско нанесување, завиткани во рециклирачки амбалажи, па со тоа сметам дека придонесуваме сите за заштита на нашата земја.

Рингераја: Колку сте задоволни од досегашното работење?

Презадоволна сум!

Неодамна една пријателка, корисник на производите, која ја претставува нашата земја во Кина, ми понуди да однесе дел од производите на саем на Западен Балкан кој се одржуваше во град близу Шангај-Кина, па така производите на tilia.organica стигнаа дури до Кина. Многу сум благодарна за понудата и се надевам во иднина производите на tilia.organica ќе патуваат и на други места.

Целта не ми е само финансиска, туку напротив да ја зголемам и раширам свеста кај луѓето за тоа што ни го дава природата и колку таа знае да не негува и да не лечи, па затоа треба да ја чуваме и да ја користите на соответен начин.

Многу често знам да кажам дека ова го правам за мир во светот.

Таа енергија која ја внесувам во производите, ја давам на тие што ја сакаат и уживаат во неа, па така задоволни од производите, ја шират понатаму и така кругот се шири од задоволни потрошувачи кои стануваат се посвесни за природата и природното.

Преку изработка на производите, направив неброени познанства со луѓе од најразлични професии, од сите градови низ нашата држава, некои скептични на почеток, некои храбри да пробаат се, но на крајот верувајте ми сите се задоволни, затоа што рачно изработеното со материјал даден од природата не може никогаш да даде лош резултат.

 

4

Рингераја: Производите се достапни онлајн на Инстаграм профилот. Ваши идни планови?

Производите на tilia.organica се достапни на инстаграм профилот, на кој е наведен детален опис на производот со сите состојки, па секој може да прочита и да го види составот, а воедно и да се јави да праша да му одговорам на некои нејаснотии ако има такви, па дури и да види дали одредена состојка му одговара или не.

Во иднина, мојата желба е да регистрирам онлајн продавница, преку која ќе можат потрошувачите да ги купат производите и да им бидат доставени преку брза пошта.

Во моментов јас лично ги доставувам порачките, бидејќи сметам дека така им давам почит на потрошувачите, а воедно и се запознаваме лично, па ќе размениме искуства, ќе дознаеме нешто повеќе еден за друг и ќе кажеме збор два за составот на производите.

Рингераја: Што би им препорачале на оние кои размислуваат за сопствен бизнис?

Да бидат храбри и да ја следат својата интуиција.

Многу често сопствената интуиција ни кажува кои се нашите афинитети и на што да го насочиме својот потенцијал и да ризикуваме, а ако во тоа се внесе љубов, полет, енергија, мислам дека добриот резултат е неизбежен.

Би сакала нашата држава да биде посвесна каде оди светот во поглед на природните производи да дава постојана помош која не би била ни голема, но би дала некаков поттик на малите бизниси, а посебно за рачната изработка на производите.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Пет начини да престанете да го мразите утрото
Уште кога ќе го слушнете алармот добивате чуден излив на бес: Зарем веќе морам да станам? Зарем не е пребрзо? Можеби ала...
4
Поддржуваме мали бизниси: Дора Мода
Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Станува збор за doramodahandmade и нејзините хеклани приказни
4
Што се’ ќе се случува на Fashion & Lifesty...
Датумот [22-23 март] и местото [Македонска опера и балет] за третото издание на Fashion & Lifestyle Expo се веќе познати...
3
Кендал Џенер е најплатен модел на светот з...
Кендал Џенер беше прогласенa за највисоко платен модел во светот во 2018 година, според листата на Форбс
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?