Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Водена од мотото: "Ако можеш да го сонуваш, можеш да го направиш тоа", Јана го живее својот сон.
Рингераја: Креатор си на интересен мал бизнис - персонализирани чоколади. Како се роди ова твое чедо?
Јана: Идејата за изработка на вакви чоколатца започна уште во 2015 година,кога си бирав нешто уникатно за мојата свадба. Оттогаш изработував само за најблиските и со тек на времето си го направив и профилот на Инстаграм.
Јана: Најпрвин беше предизвик, бидејќи не сум единствена која изработува персонализирани рачни изработки. Поддршката од фамилијата и од пријателите и честите пораки кои ги добивав од клиентите како се задоволни со изработките ме бодреа и даваа поттик да не се откажам.
Рингераја: Како изгледа твојот работен процес, како се одвива една нарачка од замисла на клиентот до крајната реализација?
Јана: Целиот процес на изработка започнува од желбата на клиентот. Тој добива неколку примери изработени од мене. Откако ќе добијам одобрение дека тоа е тоа што го сакаат, одат на процесот изработка (печатење... сечење... лепење и испорака).
Рингераја: Што с? може да се нарача, какви производи нудиш?
Јана: Најчесто тоа се млечни чоколатца персонализирани според ваша желба. Но не значи дека само тоа. Имав нарачка за чоколатца без глутен, исто така и нарачка за посни чоколатца.
Рингераја: Која нарачка би ја издвоила како најголем предизвик?
Јана: Секоја нарачка е предизвик, една идеја да јa претвориш во реалност. Од "сакам вакви" до "баш таква ми беше замислата".
Јана: Инспирација се задоволните клиенти, пораките од типот" Преслатки се, се гледаме за следна нарачка" и " Здраво, пак јас, сакам да нарачам..." .
Мотивација и помош имам од мојата фамилија.
Рингераја: Гледајќи од првиот момент кога ова ти беше само замисла па се до денешните достигнувања, што би рекла, каде се наоѓаш? Би сменила нешто?
Јана: Сиве овие години константно се надоградувам и ја надополнувам понудата.
Рингераја: Планови за иднината?
Јана: Планови за во иднина немам. Еднаш решив да планирам, 2020 година се појави корона. Ќе продолжам со изработувањето на чоколадни задоволства и водењето на профилот напоредно со мојата професија.
Рингераја: Препорака за сите оние кои размислуваат за сопствен бизнис?
Јана: Препораката би била: Не се двоумете...If you can dream it, ypou can do it!
За сите пригоди, а особено сега, во пресрет на Велигденските празници, израдувајте ги вашите најмили со најуникатните најслатки чоколадни задоволства!
Јана со задоволство ќе ја реализира вашата замисла.
7
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Алтернативи на кафето за бремени жени
За многу жени, кафето е утрински ритуал. Но во бременоста, внесот на к...
Како да се справите со кршливи нокти?
Кршливите, слоевити или нокти кои лесно пукаат се чест проблем, особен...
Заедно кон дигитална трансформација
13.02.2026 - Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ)...
Зошто не е доволна само љубовта за да успее врската?
Љубовта е прекрасен почеток. Создава привлечност, блискост и чувство д...
Иако изгледа мало и беспомошно, новороденчето доаѓа на свет со изненад...
Влакна на градите.
пеперутка16
Дали имате влакна на градите? И како се справувате со нив... дали ве вознемируваат и дали ги отстранувате?