vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Неодамна започна со работа онлајн продавница за накит која функционира на Инстаграм платформата.
Издвојувајќи се со своите уникатни парчиња, веднаш беше забележана и на големо задоволство, сопственичката ја прифати поканата и ни одговори на нашите прашања.
Рингераја: Од неодамна започна со работа вашата онлајн продавница Fine design mk.
Колку траеше процесот од замисла до реализација?
Fine design mk: Се почна од самата себе. Знаејќи колку сум опседната со накит, дека сите комбинации ми се засенети од накитот што го носам, барајќи секојдневно од каде да купам, се роди желбата за Fine design mk. Процесот траеше неколку месеци.
Рингераја: Какви производи нуди вашата продавница?
Fine design mk: Нудиме се'. Привезоци, алки, ланчиња, прстени комплети. Секојдневни, минимални, трендовски и едноставни комбинации.
Рингераја: Која е вашата целна група?
Fine design mk: Накитот е наменет за храбри, урбани, бунтовни жени, кои не се плашат да се издвојат од толпата. Жени кои уживаат да бидат центар на внимание.
Рингераја: Во денешниот конкурентен пазар, што е она што ве издвојува и прави атрактивни за потрошувачите?
Fine design mk: Секој е различен на сопствен начин. Реалните цени и достапноста до секој е она што не издвојува. Мора да потенцирам дека некои од производите ги имаме само по еден модел.
Рингераја: Како стигнувате до потрошувачите? Колку сте задоволни од досегашното работење и кое е вашето искуство како онлајн продавница, дали нашиот народ има навика и доверба да пазари онлајн?
Fine design mk: Нашата онлајн продавница функционира на Инстаграм.
Периодот е многу мал за да можам да дадам генерална констатација, но покрај тоа што македонскиот е чувствителен пазар, мило ми е што нашите луѓе сакаат убави и уникатни работи. За сега сум повеќе од задоволна, но ќе се потрудам тоа да биде уште подобро. На потрошувачот треба само да му го прикажеш реално производот и да му ја одредиш реалната цена. Вака нема простор за сомневање и двоумење за онлајн нарачка.
Рингераја: Кои се вашите планови? Постои ли идејата за физичка продавница во иднина?
Fine design mk: Постои зошто да не. Сакам предизвици, сакам големи работи. Иако во денешно време некако работите се сведени онлајн, отворање на физичка продавница не е исклучок.
Благодариме за издвоеното време и посакуваме многу успеси!
Не заборавајте да ја дадете вашата поддршка!
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Менструална фаза, што се случува во телото?
Менструацијата не е само неколку дена крвавење. Таа е почеток на нов м...
Зошто плодните денови се важни за забременување?
Кога се обидувате да забремените, веројатно често слушате за плодни де...
Што треба да знае идниот татко пред обидите за бебе?
Кога еден пар ќе одлучи дека е време за бебе, подготовката не започнув...
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...