Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Стручњаците проценуваат дека дури 90% од жените во текот на репродуктивниот период од животот имаат 150 различни физички и емоционални симптоми кои го следат предменструалниот синдром. Добрата вест е што со едноставни промени секоја од нас може да се чувствува здраво и среќно, во текот на целиот месец.
Дефиниција на ПМС
Терминот ПМС (предменструален синдром)го опишува секој симптом кој се појавува во периодот после овулација и исчезнува кога ќе добиете менструација. Симптомите можат да бидат физички и психички. За ситуацијата да биде уште посложена, тие можат да варираат од месец во месец. Поедноставно кажано: ПМС е збир на симптоми кои влијаат на психичкото и емоционалното здравје и благосостојба на жената во период од две недели пред секоја менструација. Овој синдром влијае и на партнерот и на животот на целото семејство. Дали Ви звучи познато?
Клинички ПМС, кој во поголема мера влијае на функциите кај жената, е регистриран кај 20-30% жени. Се проценува дека помеѓу 2% и 6% жени страдаат од сериозен облик на ПМС т.н. предменструално дисфорично нарушување кој се карактеризира со висок степен на анксиозност и депресија. Додека ПМС се опишува како грмотевица, дисфоричното нарушување е земјотрес кој го тресе животот, во текот на две недели пред менструација.
Точниот предизвикувач на ПМС не е сосема разјаснет и може да зависи од еден до повеќе фактори. Еден фактор е поврзан со промената на нивоата на женските хормони, естроген и прогестерон. Освен тоа, појавата на симптоми на ПМС е почеста кај подебелите жени, како и кај жените кои многу малку се занимаваат со спорт. Симптомите се засилуваат при консумирање на храна со високо присуство на сол, алкохол и пијалоци со кофеин, кои влијаат на расположението и нивоата на енергија во организмот. Како Вие минувате низ ПМС? А Вашето семејство?
Симптоми на ПМС
Некои од симптомите на ПМС кои обично се среќаваат кај жените се :
* Проблеми со спиењетп
* Главоболка
* Нервоза
* Промени во расположението
* Напади на плачење
* Напади на глад
* Промени во апетитот
* Чувство на замор
* Набрекнатост на градите
* Анксиозност
* Депресија
* Акни
Еве што велат некои жени за симптомите на ПМС
“Обично имам болки во стомакот и крстот неколку дена порано и промени во расположението една недела пред,а некогаш и за време на менструација”
“Се чувствувам поспано и имам живи синови. Обично ми се јаде слатко и црвено месо”
“Јас имам јаки болки во крстот, појаки од обично. Обично сум чувствителна и раздразлива пред и за време на менструацијата. Доволно е некој да каже нешто погрешно и јас ќе прснам во плач. Потоа, откако ќе добијам менстрауција ми се јаде слатко”
“Се чувствувам надуено и ми се појавуваат милион акни”
Како да ги ублажите симптомите на ПМС?
* Консумирајте мултивитамини секојдневно
* Вежбајте редовно
*Јадете здрава храна, вклучително овошје, зеленчук и храна со многу влакна. Јадете сложени јагленохидрати заради врската межу ПМС и нивото на серотоним во мозокот. Црниот леб и интегралните житарици ќе го зголемат нивото на серотонин.
* Јадете помалку и почесто, бидејќи таквиот начин на исхрана го стабилизира нивото на шеќер во крвта.
* Спијте доволно, најмалку по 8 часа во ден.
* Природен лек против ПМС е билката Agnus cactus, како и Витамин Б6 и Магнезиум.
* Борете се со стресот на здрав начин, разговарајте со пријателите, вежбајте или пишувајте дневник, на пример.
* Не пушете
Лековите против болки кои се купуваат без лекарски рецепт, како на пример ибупрофен или парацетамол можат да ги ублажат болките. главоболката, болките во крстот и други симптоми на ПМС.
Во потешки случаи на ПМС најдобро е да се разговата со доктор бидејќи постојат лекови кои можат да ги ублажат болките. Едно од решенијата на овој проблем е употребата на контрацептивни пилули кои се користат за да спречат овулација.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Натусана - 20 години присуство на македонскиот пазар
Оваа година се навршуваат 20 години од присуството на Натусана на маке...
НАГРАДНА ИГРА: Парови спои и Лакалут награди освои
Ајде да играме Меморија и да освоиме награди! Натусана и Рингераја орг...
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Пелени.
пеперутка16
Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?