Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
На море, или во паркот, некои дечиња сакаат да се тркалаат во песокот, некои да градат замоци, а трети да прават фигури и да печат слатки. Добро е да ги оставите дечињата во песок кога ќе наполнат година и пол. Сепак внимавајте! Долготрајната игра во песок може да предизвика дијареја. Сепак не треба да му го скратите ова задоволство. Според психолозите дечињата многу полесно ги изразуваат мислите и чувствата во песок, отколку преку цртање. Набљудувајте го детето што прави и ќе дознаете многу за неговата психа. Едно-две годишните деца прво со рачињата го испробуваат материјалот. Тие обожаваат да оставаат отпечатоци од рацете и нозете во песокот. Кога ќе почнат да прават купчиња од песок, значи дека постигнале значителен напредок во менталниот развој. Научиле дека можат да создадат нешто со сопствените рачиња и тоа им дава чувство на самодоверба. На три-четири години песокот веќе не им е доволен, децата имаат потреба од најразлични нешта за да го прикажат светот – играчки, камчиња, стапчиња, растенија, фигури на луѓе и животни. Докажано е дека момчињата и девојчињата играат на различен начин. Едните сакаат да градат замоци, а другите да печат слатки од песок. На тој начин несвесно ги имитираат работите од стварноста.
Игрите во песокот можат до одреден степен да го дефинираат детскиот карактер:
Финансиер
Ако сакате, кога ќе порасне детето, да се занимава со парите, насочувајте го да го покажува замислениот свет што поблизок до реалноста. Пропорциите на песочните замоци, автомобилите и куќите секогаш нека бидат во согласност со реалните размери. Ако вака си играат децата најчесто стануваат реални.
Писател
Идните писатели градат градби во песокот со многу имагинација. Ќе видите дека користат дополнителни предмети, стапчиња, камчиња или растенија. Песочната форма може да претставува колач, но и печено пиле. Овие деца живеат во свет во кој нема граници. Често се навраќаат во праисторијата, за да направат диносаурус, или летаат во иднината, па се претставуваат како вонземјани. Парите за нив не се најважни. Тие се заинтересирани за приказни, митови и често стануваат писатели или уметници.
Филозоф
Ако има дете, на кое брзо му досадува играта во песок, тоа е идниот филозоф. Тоа сака да измисли друга игра за да привлече уште деца, за да ги направи игрите уште поинтересни. Таквите деца подоцна ќе покажуваат силно чувство за ред и ќе ги претпочитаат природните и хуманитарните науки, особено филозофијата. Тие се родени организатори.
Безбедност:
Не заборавајте дека во песокот живеат многу бактерии и микроорганизми кои стигнуваат таму благодарение на различните инсекти. Децата лесно можат да се контаминираат, бидејќи често ги ставаат рацете во уста, за време на игра. За да ги заштитите секогаш со себе носете влажни марамчиња.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Интервју со Маја Митрова, Маи Реи, холистички терапевт
Се посветувам на споделување знаења и техники за исцелување, саморазво...
Чекорење напред! Детски чевли со оптимално вклопување
Интервју со Дипл. бизнис економист (БА) Тристан-Себастијан Ниче, изврш...
Правилен избор на детски чевли
Најважната фаза во развојот на детските стапала е од раѓање до приближ...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Што ве чека во првите три месеци од бременоста?
Доаѓањето на бебето комплетно ќе го промени вашиот начин на размислува...
Тежина за време на бременоста.
пеперутка16
Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?