Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Бремената може да роди целосно природно, под услов да нема компликации и во болнички услови, со анестезија - епидурална (спинална) или без таква, во присуство на партнерот, сама во сала, со избор на бабица или гинеколог. Во денешно време можностите се навистина големи и медицинскиот тим секогаш ги почитува желбите и преференциите на мајката, под услов да нема ризици за нејзиното здравје или здравјето на фетусот.
Природно породување - значи породување без лекови и медицински интервенции. Наместо нив се користат техники на релаксација и дишење. Пациентките треба психички да се подготвени дека може да се направи и оперативно породување на бебето. Царскиот рез е безбеден метод на породување со низок ризик, сличен на операција на крајниците. Оперативно раѓање се нуди само кога е потребно, односно мора да има одредени индикации. Во некои болници стапката на оперaтивните раѓања е поголема, бидејќи има поголема концентрација на ризични пациентки. Бремените треба да имаат доверба на својот лекар и да разговараат со него за методот на породување.
Како се објаснуваат породилните болки
Механизмот на настанување на болката при породувањето сеуште не е разјаснета. Болката е непосредно поврзана со контракциите на материцата и со проширувањето на грлото на матката. Чувството во раната фаза се дефинира како влечење и чувство на болка ниско во грбот. Со прогресија на раѓањето болките се засилуваат и ја менуваат делумно локализацијата. Почнуваат да се чувствуваат повеќе во долниот дел на стомакот и до колковите. Карактеристично за породилните болки е што нивната сила и времетраење и во зависност од контракциите на матката. Освен тоа, интензитетот на чувството се условува и од повеќе психо-емоционални фактори - тип на нервен систем, воспитување, емоционалност, култура, подготвеност за раѓањето. Условно се разликуваат две состојби на породилни болки: сопствено болно чувство и емоционална позадина на болката. Затоа е многу важна психо-профилактичната подготовка на бремената за раѓањето. Целта е да се здобие нејзината доверба, да и се објасни и дури всели природата на овој физиолошки процес и да се приучи на некои техники, со цел олеснување на породилните болки. За вистински добра психичка состојба, идната мајка треба да ги отстрани и надмине сите негативни емоции од својот ум. Да ги потисне сите патолошки претстави и перцепции, создадени во минатото, поврзани со стравот од породување. Од помош можат да и бидат некои физички вежби (такви за олабавување на мускулатурата на перинеумот, за тренинг на стомачните мускули и др). Намалувањето на болката на породувањето се врши со аналгетици, невролептици, хипнотички, транквилептици и неинхалациони анестетички средства. Спиналната анестезија е најчесто користен метод за намалување на болката, како на нормално, така и на оперативно породување. Анестетикот делува на корените на 'рбетниот мозок и ги блокира чувствата, моториката, како и автономните нервни влакна. Пункција се врши во меѓупршленските простори. Жената е во лежечка или седечка положба за време на инјектирањето. Можните компликации се развој на хипотензија (намален крвен притисок) и главоболка на третиот ден по раѓањето.
Царски рез
Фреквенција - 15-35%, мајчина смртност е под 1: 1000. Царскиот рез е најчестата оперативна процедура во гинекологијата и акушерството.
Оперативна техника - секој оператор развива свои индивидуални варијации на оперативната постапка. Најпрво се прави се кожен рез. Должината му е меѓу 10-15 см во зависност од очекуваната тежина на плодот. Операторот избира рез, вертикален или хоризонтален пресек во областа на бикини линијата (супрапубичен засек).
Хоризонталниот рез има свои предности. Од една страна тој е помалку забележлив, бидејќи спаѓа во областа на долна облека, освен тоа е помалку болно при дишењето и кај него е 8 пати помала можноста за отворање на раната, во споредба со вертикалниот засек.
Вертикалниот рез - овозможува брз пристап до абдоминалната празнина, добра визуелизација на сите стомачни органи и по потреба полесно се проширува.
Подготовка за царски рез:
• Вклучува поставување на катетер;
• Неопходно е бремената да ги исполни сите услови за хигиена, вклучувајќи тоалета, отстранување на влакната во вагиналната област;
• Се става клизма, неопходна за прочистување на цревата - тоа дава добро оперативно поле;
• Дезинфекција на предниот абдоминален ѕид со антисептички раствор (дериват на јод раствор);
Можни компликации
Поврзани со анестезијата
• Аспирационен синдром;
• Главоболка (која се должи на спиналната анестезија);
• Крварење (крварење) во 'рбетниот столб;
Компликации на матката
• При плацента превиа - повреда на бешиката;
• Повреда на гастроентериналниот тракт;
• Инфекции на уринарниот тракт;
• ендометритиоза - воспаление на слузницата на матката;
• Инфекција на раната;
Индикации за царски рез:
• Претходен царски рез;
• Не напредување на породувањето, во текот на нормално породување;
• Фетален дистрес;
• Повеќекратна бременост;
• Повреда на плацентата и плацента превиа;
• Активна инфекција - херпес гениталис;
• HIV инфекција на мајката;
• Кардиоваскуларна болест на мајката;
• Пелвео-фетална диспропорција - тесна карлица / крупен плод;
• Хипертензија на мајката;
• Неправилната местоположба на плодот;
Рехабилитација по царски рез
Рехабилитацијата по царски рез е слична на секое опоравување по хируршка интервенција, со таа разлика што сега имате бебе.
Симптоми по операцијата
• Гадење, повраќање - докторот кој ве следи ќе ви препише лекови против повраќање;
• Контракции на грлото на матката - по операцијата (12-24 часа) ќе почувствувате контракции, кои ќе се засилуваат за време на доење (враќање на матката кон првичните димензии);
• Болка при мокрење - по отстранување на катетерот. Катетерот се отстранува на 24-от час по операцијата и е потребно да се започне со спонтано уринирање во интервал од 2 часа;
• Главоболка. Како пропратен ефект од анестезија можете да имате главоболка. Наш совет е да пиете по литар и половина вода дневно. Пријавете ум го на гинекологот и анастезиологот овој проблем;
Хигиена
Можете да се туширате секој ден, под услов раната да ви е покриена со водоотпорен завој. Хигиената е важен дел од опоравувањето. Испишувањето од болница по
царски рез обично е на петтиот ден по операцијата, под услов немате компликации и бебето да е добро.
забава Бремените
Автор: bobik
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Како да се справиш со првите мајчински стравови?
Стекнувањето на титулата мајка е едно од најубавите, но и најпредизвик...
Секој ден ни е подарен како празна страница. Но, често, наместо да ја ...
Заеднички моменти, незаборавни спомени
Во трката по обврски, планови и секојдневни задачи, лесно е да заборав...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?