Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Тој градеше врска полна со љубов со својата неродена сестра, пред да ја сретне. Бременоста напредуваше нормално за Карен.
Со тек на време, дојдоа и породилните болки. Се зачестија на 5 минути, па на 3 минути, па на секоја минута. Но за време на породувањето се појавија сериозни компликации. Беше потребен и царски рез. Конечно, по долга битка се роди сестрата на Мајкл, во сериозна состојба.
Сирената засвири во текот на ноќта и амбулантната кола го однесе бебето во неонаталната интензивна нега во St. Mary's Hospital, Knoxville, Tennessee. Деновите поминуваа, а состојбата на девојчето се влошуваше. Специјалистот неонатолог им објасни на родителите дека постојат многу мали шанси за спас на бебето. “Бидете подготвени на најлошото”, им соопшти.
Наместо да ја донесат ќерката во убаво уредената, засебна соба во куќата, тие мораа да ги контактираат локалните гробишта.
Братчето Мајкл ги молеше своите родители да ја види сестрата: “Сакам да и пеам”, молеше Мајкл. По две недели во интензивна нега, се чинеше дека за девојчето нема спас. Мајкл продолжи да ја моли мајка си да го однесат кај сестрата за да и пее, но децата не смееја да влегуваат во одделението за интензивна нега. Мајката Карен размисли: Ќе го однесе Мајкл, независно дали тоа ќе им се допаѓа на сестрите или не. Ако не ја видеше сестрата тогаш, можеби никогаш немаше да ја види жива.
Таа го облече Мајкл во преголем костим кој го ставаат надворешните лица кои влегуваат во интензивна нега. “На децата не им е дозволено да влегуваат тука! Извадете го детето надвор веднаш!”, извика една сестра. Тогаш Карен остро ја погледна сестрата и гласно рече: “Тој нема да си оди додека не и запее на сестра си!”
Карен се избори со упорната медицинска сестра и го донесе Мајкл до креветот на сестра си. Таа гледаше во малото дете кое полека ја губеше битката со животот. Мајкл веднаш почна да пее: “You are my sunshine, my only sunshine, you make me happy when skies are gray.” Бебето за кратко почна да реагира на песната на братчето со малку порамномерно дишење. Нејзиниот пулс почна да се смирува и стабилизира. “Продолжи да пееш Мајкл”, го охрабри мајката својот син, со солзи во очите. "You'll never know, dear, how much I love you. Please don't take my sunshine away."
Како Мајкл продолжуваше со својата песна, така дишењето на бебето стануваше нормално. “Пеј душичке моја”, низ солзи изговараше мајката. "The other night, dear, as I lay sleeping, I dreamed I held you in my hands...”, пееше Мајкл.
Неговата сестра се смири заспа. Некој исцелителен мир се појави на нејзиното лице. Солзите капеа и по лицето на медицинската сестра. Карен почна да му пее на Мајкл : "You are my sunshine, my only sunshine. Please don't take my sunshine away...". Ден по ден, малото бебе беше подготвено да си оди дома.
Има нешто толку посебно во љубовта на семејството. А љубовта е моќна алатка која може да направи чуда. Никогаш не се откажувајте од тие што ги сакате – и чудата ќе се случуваат.
Оваа приказна е раскажана и прераскажана на 1500 сајтови на интернет. Но дали е вистинита? Дали може смртно болно дете толку брзо да се опорави од љубов?
Karin Simmons Knapp, баба на Мајкл и Марли, за TruthOrFiction.com изјави дека случката е вистинита.
И ако е приказна, тоа е прекрасна приказна за љубовта.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?