Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Иако симптомите на инфекција со кламидија се најчесто благи или отсутни, сепак може да доведат до сериозни компликации, кои предизвикуваат неповратно оштетување, вклучувајќи инфертилитет.
Кламидијата кај жените продира низ грлото на матката, а потоа подлабоко во гениталниот систем се до јајниците. На јајниците предизвикува промени кои се најзначајни од аспект на неплодноста. Доведува до залепување на јајцеводите и со самото тоа – нивна непроодност. Со оглед на тоа што грлото на матката кај тинејџерките и малите девојчиња не е потполно зрело, тие се во посебен ризик од инфекција, доколку се сексуално активни. Исто така може да дојде и во уринарниот тракт кај жените.
Периодор за инкубација кај кламидијата трае од една до три недели. Симптомите можат да бидат толку благи, скоро незабележителни но би требало да се покажат до 3 недели по сексот со заразена личност. Доколку постојат симптоми како: пецкање при мокрење, зголемен вагинален секрет, болка во долниот дел на грбот, невообичаена болка при секс и вагинално крварење во средина на циклус. Како и жените, така и голем број на мажи моат да поминат без симптоми.
Секоја сексуално активна личност треба да се тестира најмалку еднаш годишно, со оглед на тоа што симптомите на кламидија можат да бидат незабележителни. Ако се посомневате дека сте инфицирани со кламидија, би требало да се тестирате. Тестот на кламидија се прави во лабораторија, а за тестирање се користи урина.
Лечењето на кламидија е едноставно, бидејќи се работи за полова болест која може да се лечи со антибиотици. Не се советува самоиницијативно земање на лекови. заблената личност, за време на терапијата мора да апстинита од сексуални односи, со оглед на тоа што може повторно да го зарази партнерот.
Компликациите кои настанале по долга изложеност на кламидија, во смисла на непроодни јајцеводи, се лечат со оперативен зафат (лапароскопија).
5
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Воведувањето на протеините во исхраната на бебето е важен чекор во нег...
Лекциите на животот доаѓаат тивко
Животот нe учи на лекции кога најмалку очекуваме. ...
Како да забремените со ендометриоза?
Дијагнозата на ендометриоза може да биде загрижувачка за многу жени, о...
Верувајте во процесот и вашето бебе ќе дојде
Кога еден пар ќе одлучи дека е време за бебе, очекувањето често е дека...
Секое бебе индивидуално се развива во мајчиниот стомак
Многу родители се изненадуваат кога ќе слушнат дека развојот на секое ...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?