Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
За малите деца на возраст од 1-2 години, најбитна е една работа – да го истражат светот околу себе, колку што е можно повеќе. Детето не препознава опасност, но сепак преку стекнатото искуство учи да ја препознае. Ако на пример детето почувствува дека нешто на допир е жешко, следниот пат ќе биде многу повнимателно. На оваа возраст децата почнуваат да трчаат, да се качуваат по скали, но за брзо време губат рамнотежа и паѓаат. Колку и да го предупредувате Вашето дете за опасностите, тоа нема да Ви оди од рака. Единствено што можете да направите е добро да пазите над него, во секој момент.
Дали децата се свесни за ризикот?
Децата се по цел ден зафатени со откривање на светот околу себе. Ги прават точно оние работи кои се забранети и колку повеќе им викате или забранувате нешто, толку повеќе тоа им е примамливо. Тоа ќе ги земе ножиците, иако не смее, ќе се качува на прозорецот, ќе ја претрчува улицата. Исто така децата на оваа возраст покажуваат голем интерес за шишињата во кујната, или за фаќање во лековите. Предупредете го за опасноста, но имајте на ум дека детето и понатаму ќе го прави тоа што му се допаѓа. Во секој случај предупредувањето и објаснувањето и тоа како имаат смисла, бидејќи само на тој начин детето ќе научи што смее, а што не смее. Бидете доследни и повторувајте му дека нештото е опасно употребувајќи ги зборовите “Не!” и “Стоп!”.
На децата на возраст од 2-3 години можете да им помогнете да препознаат опасност така што ќе седнете со нив на под и ќе им покажете кои опасности постојат во куќата. Покажете им ги каблите, штекерите и предметите кои можат да се повлечат и на едноставен начин доловете им ги опасностите во домот. Проверете дали сите средства за чистење се складирани вон дофат на децата и дали сите лекови се на место кое е недостапно за детето. Поставете заштита на вратите и прозорците. Посебно внимание треба да се посвети на сигурноста на прозорците.
Предшколските деца и опасноста
Децата на возраст од 3-6 години многу добро знаат да препознаат опасност. Но сепак постојат бројни околности кога можат да се доведат во потенцијано опасна ситуација. Ако на пример одите со детето на улица, а тоа го здогледа другарчето од другата страна на улицата, голема е веројатноста дека ќе претрча преку улица за да го поздрави.
За среќа, децата кои одат на училиште веќе добро знаат што е опасност, но сепак и тие имаат некои моменти. Ако дојдат во допир со шкорче, веднаш сакаат да го запалат за да видат на пример како гори весникот. Многу деца ги привлекуваат градилишта што се и тоа како опасни места за игра, бидејќи таму сакаат да ги играат со цигли, камен, железни плочи, шајки и со се што може да се најде. Постарите деца многу сакаат да се натпреваруваат со своите врсници и прават работи кои се надвор од нивната моќ.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Овошје, зеленчук или ориз со млеко?
пеперутка16
Како почнавте да воведувате цврста храна и дали сте задоволни од тој режим и реакцијата на вашето дете? Прво го претставивме: