|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Наставата ќе започне со комбиниран модел

Редакција Рингераја, 2.9.2020
Владата нуди комбиниран модел за старт на учебната година и секаде кадешто се исполнети условите од протоколите коишто веќе се усвоени, наставата ќе може да започне со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата

image
/11


-За таа цел е формирана Комисија од Владата којашто ќе утврдува дали се исполнети условите во училиштата, рече Царовска на работниот состанок.

Царовска, информираат од МОН, посочи дека сепак во објектите кои не се во можност да ги исполнат протоколите, учебната година ќе стартува онлајн за што забрзано се работи на подготовка на единствена национална онлајн платформа. Во овие училишта, настава со физичко присуство ќе посетуваат само децата од прво до трето одделение, но и за нив е дадено правото на избор, за што родителите ќе треба да се изјаснат со писмена изјава.

Министерката за образование и наука истакна дека е свесна дека секој наставник, ученик, родител има свои желби и размислувања за тоа како треба да изгледа наставата, но додаде дека треба да се најде баланс меѓу заштитата на јавното здравје и учењето. Царовска рече дека со заеднички заложби е сигурна дека успешно ќе ја завршиме оваа училишна година.

На состанокот, средношколците побараа да бидат вклучени како рамноправен партнер во сите политики коишто се однесуваат на младите и учениците. На средбата беше донесен заеднички заклучок дека продолжува соработката и дијалогот меѓу средношколците, наставниците, родителите, Министерството за образование и наука и другите институции, со цел да се најде најдоброто решение за наставата и образовните процеси во услови кога земјата се соочува со пандемија.

Претставниците на Иницијативата на родители изразија задоволство што Владата нуди комбиниран модел за започнување на учебната 2020/2021 година.

Средношколскиот сојуз вчера протестираше за учебната година на 1 октомври да почне веднаш со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со коронавирусот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Приврзаноста на децата - кога е проблем?
Темата за приврзаноста на децата секогаш буди прашања - како да изградите приврзаност кај децата, или како да се справит...
4
Кои фактори се пресудни за раѓање близнаци?
Генетската предиспозиција и хормоналната стимулација при намалена плодност се најчестите предуслови за бременост со близ...
4
Фотографии: Кога е жената најубава?
Британската уметничка Џени Луис е автор на серија фотографии на мајки кои ги држат штотуку родените бебиња
4
Не дозволувајте училиштето да го уништи де...
Михаил Лабковски, популарниот руски психолог, им дава совети на сите родители како да го направат најдоброто за своето д...
4




Анкета

Пелени.
пеперутка16

Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?