|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Надица: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 12.7.2010
Моментот кога јас се претворив во „ние“ .

image
/111


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Голема благодарност до Маја, ник Надица, која реши да го пробие ледот и прва да ја раскаже својата приказна од породувањето.

 

Детали

Ник: Надица 

Датум на породување: 27 Август, 2008 година 

Тип на породување: Природно 

Породување во болница: во Кавадарци

 

Читајќи ги вашите патешествија се сетив и на моето и решив да го споделам со вас. Терминот ми беше на 16.08.2008 година. Неколку дена пред тоа заедно со семејството си дојде и девер ми од Велика Британија, со цел да ја пречекаат принцезата. Арно ама на мојата принцеза не и се излегуваше на време, добро и било кај мама, па ги испративме гостите на 25 Август и продолживме да ја чекаме да реши да излезе.
Во меѓувреме добивав мали кратки лажни контракции. Утрото на 26 немаше каде и отидовме пак на контрола. ЦТГ правев секој ден откако ми помина терминот. Докторот кога ќе ме видеше уште од врата прашуваше “Болки има?”, а јас пак истиот одговор “НЕ” . Ме виде на ехо, правевме ЦТГ и рече дека може уште некој ден да одам, ама свекрва ми, (инаку акушерка) вика “Аман докторе, уште колку” и докторот  рече “Ајде да видам дали е бистра плодовата вода”, па со тоа ми го пукна и водењакот. Останав во болница, ми дадоа една подготвителна инјекција за провокации. Следниот ден во 5 часот утрото требаше да ми вклучат систем со синтацинон за да ги забрзаат болките, но јас веќе во 22 часот вечерта добив добри болки и почна добро да напредува отворањето. На мојот маж му се јавував за време на паузи и не му кажав дека имам болки, а некаде околу полноќ му кажав дека ми се спие. Тогаш отприлика почна породувањето, ми ставија клизма и болките стануваа се почести и подолготрајни во 3.30 прв пат се качив на боксот но бев отворена само 4-5 прсти и ме вратија уште малку во кревет. во 4.30 повторно се качив на боксот и со правилно дишење без многу врева во 5,45 го родив моето сонце кое од што играше фудбал во стомакот успеало да ја замота папочната врвца околу врат. Откако го средија ми го дадоа во раце и мислам дека оттогаш сум најсреќна жена на цел свет . Многу беше болно, имав и добра епизиотомија, од неколку cm, бидејќи Надица се роди 4300гр, а мислеа дека е околу 3500-3700 гр. Кога во 5,45 h му се јавив на мојот маж да му честитам ќерка, ја побара докторката да чуе од неа, мислеше дека го зезам.

Се’ се заборава, болките, непријатностите, кога краен производ е најслаткото бебе кое некогаш сте го виделе (нели за секоја мајка нејзиното е најубаво).

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
4
НЕ, за мобилниот во бременоста!
Спиете со мобилниот, а бремени сте? Се надеваме дека откакао ќе ја прочитате статијава, нештата ќе се променат...
4
miana: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
mamicka77: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?