|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Сања Поповска

Марина Кљајиќ Петковски, 19.11.2021
Поповска Сања е 31 годишна девојка од Битола.Во моментов е актуелен нејзиниот роман „Девојката со портокалова марама", кој е едно емотивно дело, инспирирано од и посветено на борците со мултиплекс склероза

image
/11


"Морам да признаам дека пред три години јас немав ни слушнато за болеста мултиплекс склероза и не знаев ни што значи тоа. Но, откако пред три години ми се појави првиот симптом , со губење на видот од десното око, следеа еден тон испитувања, магнетни, пункција и слично. Иако сум сеуште знак прашалник во врска со дијагнозата, сомнежот е мултипла склероза. Оттогаш, секоја година во летниот период го имам истиот симптом на губење на видот, но со привремена терапија се враќа во нормала." - ја започнува својата приказна Сања, нашата денешна соговорничка.

 

Рингераја: Кога ја откривте љубовта кон пишувањето? 

Сања: Љубовта кон пишувањето ми е уште од мали нозе, и претпоставувам дека ми е наследено од мајка ми, иако таа не продолжи во таа сфера,но мене ми остана желба еден ден да објавам книга. Се сеќавам, како мала пишував разни измислени приказни во моите тетратки и си замислував дека можеби еден ден би била добар режисер.

Рингераја: Имате ли учества на литературни конкурси, освоени награди , објавени други дела..? 

Сања: Во основно и средно училиште учествував во сите литературни секции и конкурси кои секогаш беа наградени, а мене ми беше чест да го претставувам своето училиште. Откако завршив средно и се запишав на факултетот по психологија, излезе прилика да ја објавам својата прва книга, раскази "Подарок за ангелот" , кој беше посветен на едно девојче со церебрална парализа која не го дочека мојот подарок за неа и прерано не напушти. Затоа мојата прва книга го носи и тој наслов "Подарок за ангелот".

 

2

 

Рингераја: Кога започнавте со пишување и како сфативте дека тука "лежи" книга? Колку време беше потребно за да ја напишете книгата? Од каде инспирацијата за истата?  

Сања: Идејата за "Девојката со портокалова марама" се роди една вечер додека лежев во болницата "Мајка Тереза" во Скопје, таму запознав една девојка со која ја делевме собата во која престојувавме. Девојка, која имаше 20 години , позитивна и мила. Кога и ја дијагностицираа болеста мултиплла склероза, немав зборови со кои можев да ја утешам и да ја вратам нејзината насмевка, иако и јас бев во исчекување на истите резултати. Решив, да напишам роман, кој ќе и го посветам токму неа и секогаш кога ќе се почувствува немоќно или кога ќе дојде оној момент "зошто баш јас?" , да се потсети дека има некој кој и ја пружи целата поддршка на овој свет, да прочита за хероината Ања, која покрај се, успева во животот. Во романот ги вметнав сите мои чувства, стравови, и сите пропратни аксесоари кои ги нуди оваа болест, анксиозност и депресија. Романот не е биографски но со доста елементи кои се поврзани лично со мене. Искрено, и не беше само таа која ја видов тие денови со иста дијагноза. Имаше повеќе, во добра и во многу полоша форма.Си реков , "овие жени вредат многу повеќе отколку што тие мислат". И бидна, романот "Девојката со портокалова марама" за сите тие лавици, жени , кои својата болка ја претвораат во моќ.

Рингераја: За која читателска публика е наменет? 

Сања: Романот е наменет за сите читатели кои сакаат вакви вистинити и поучни приказни. Бидејќи целта не ми е само тие да прочитаат за својата моќ. Целта е да се разбере колку многу им е потребна и поддршка, за да можа да го допрат врвот.

Рингераја: Каков беше процесот околу издавањето на истата? Каде читателите можат да ја набават? 

Сања: За моја среќа, романот доби голем успех, и се издадоа две изданија, но бидејќи како самостоен автор без издавачка куќа позади мојот грб, морав сама да ја рекламирам и да се снаоѓам за продажба. Книгата се продаваше во Битола, моментално е распродадена и сеуште се наоѓа на полиците на книжарницата "Викели" во Прилеп. Во план ми е реиздавање на истата во друга издавачка куќа, која повеќе ќе се потруди околу мојот труд, и на пат е продолжението од истата.

 

1

 

Рингераја: Која е пораката која ја пренесува книгата?

Сања: Пораката која сакам да им ја пренесам на читателите е најлошо од се е самосожалувањето. Во тој случај никој не може да ти помогне. Зошто да те сожалуваат, кога може да ти се восхитуваат. И покрај се, колку и да е лоша ситуцијата, верувам дека секој има некој и нешто за кое вреди да се бори до крај. 

 

3

 

Рингераја: Вашата поддршка не завршува тука...

Сања: Морам да додадам, иако сеуште не е официјално, но ќе биде за некој ден, мојата поддршка не престанува преку романите, продолжувам со оформување на здружение на лица болни од мултипла склероза "Гласно за МС" , кој ќе го зафаќа битолскиот регион. Исто така, морам да напоменам дека во сето тоа нема да бидам сама, позади мене има армија жени кои се спремни да се борат гласно, и со силна волја и позитивна енергија да се избориме за нашите права и да се чуе надалеку за нас. И сакам да ја искористам оваа прилика и да и се заблагодарам на потпретседателката на здужението Снежана Пресилска кај која не постои ваква дијагноза, но е жена која со драго срце посака да биде дел од нашата приказна.

Рингераја:  Како автор и како читател, каква е вашата слика за македонските автори ?

Сања: Секогаш сум за поддршка на домашното. Македонските автори сметам дека се читаат, но не сите можат да се истакнат и да добијат шанса да бидат поддржани од големите издавачки куќи и за жал, остануваат во позадина. А верувам дека има страшно добри автори во македонската литература. Од моите омилени се Емилија Златкова - Анастасова и Наде Стоилковиќ.

 

Голема благодарност за издвоеното време Сања. Ти посакуваме, пред с?, здравје, и многу успеси на сите полиња. Инспирација сте и среќа е што постојат жени како вас и како тие бројни лавици кои ги имате околу себе! 

А вие драги читатели, не пропуштајте ја можноста да се запознаете со „Девојката со портокалова марама". 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
5
Спиење со градник - да или не?
Многу жени веруваат дека градите засекогаш ќе им останат цврсти, ако спијат со градник. Лекарите препорачуваат да не го ...
3
Масти и видови на масти
На етикетите на многу производи ќе прочитате дека се со “малку масти” или се “без масти”. Диетите со мала количина на ма...
3
Северина руши рекорди!
Полудеа за Севе! Песната Italiana на Youtube има 3 милиони прегледи во 7 дена. Изгледот на Северина е коментиран повеќе ...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?