|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мали тајни на забременувањето

Редакција Рингераја, 9.5.2021
Ако сте пар кој сака да има деца, можеби некој наш совет ќе Ви помогне тоа побрзо да го остварите. Дали знаевте дека...?

image
/11


 

  • Машките сперматозоиди можат да преживеат во просек два до три дена во телото на жената. Женската јајце клетка има максимален живот од 12-24 часа и тогаш жената е плодна. Идеален однос кој може да доведе до зачнување е два часа пред овулација.
  • И во сексот важат законите на гравитација. Секако дека може да забремените ако односот се случил во стоечка позиција, но таа положба сепак го отежнува доаѓањето на јајце клетката до сперматозоидот. На тој начин спермата лесно истекува од вагината, а би требало да тече кон внатре. Заради тоа, кога сакате да забремените избегнувајте секс од стоење, или положба кога жената е горе. Одлучете се за положба  во која двајцата лежите на страна, а мажот е зад жената.
  • Жените кои се заштитувале со контрацептивни средства не мораат подолго од другите да чекаат за зачнување. По престанувањето на апчињата за контрацепција потребно е малку време додека циклусот повторно се воспостави, но најчесто и во првиот циклус доаѓа до овулација. Дури се смета дека жените по престанувањето на таблетите се поплодни и дека имаат и друга овулација во месецот, бидејќи истата била подолго време спречувана.
  • Ако сте често во мрак, работите во ноќна смена, долго време сте будни, или излегувате и живеете ноќе, Вашето тело произведува мелатонин, хормон кој го успива телото и ја одложува или спречува овулацијата. Ако спиете дење, а сте активни ноќе, таквиот начин на живот може да го поремети Вашиот циклус и плодност, на кои им треба многу дневна светлина.
  • Колку почесто мажот доживува оргазам и ејакулира, квалитетот на спермата расте. Долгата апстиненција, за да се осигура квалитетот на сперматозоидите, нема смисла.
  • Обилната консумација на алкохол кај жената може да ја влоши редовноста на циклусот, менструацијата може да доцни и изостанува, а со тоа да задоцни или потполно да изостане овулацијата. Консумацијата на алкохол кај мажите влијае негативно на хормоните задолжени за производство на сперматозоиди и на нивниот број. Не морате потполно да се откажете од чаша пиво или вино на ден, но избегнувајте честа и обилна консумација на алкохол.
  • Жените кои сакаат да забременат можат слободно да патуваат, но би требало да се откажат од патување во егзотичните краеви. Промената на клима и евентуалната вакцинација можат да го исфрлат телото од рамнотежа и да го пореметат циклусот.
  • Ладниот туш ја поттикнува бројноста  на сперматозоидите, а со тоа ја зголемува и можноста за зачнување. Но ладниот туш пред секс нема да даде никакви резултати бидејќи сперматозоидите созреваат три месеци порано. Од друга страна, жешкиот туш има негативно дејство бидејќи може да го намали производството на сперматозоиди, а и ги оштетува истите.
  • Воспаленијата и инфекциите во устата можат толку да го оптеретат телото што и плодноста ќе биде намалена. Кај мажите може да дојде до производство на лоши сперматозоиди, а жените исто така треба да внимаваат на пломбите, бидејќи е утврдено дека амалгамските пломби можат да влијаат на плодноста.
  • Жената може да забремени и ако не доживее оргазам. Но оргазмот може да ги зголеми шансите за зачнување бидејќи доаѓа до контракција на материцата која ги повлекува сперматозоидите поблиску до јајце клетката.
  • Колку е предиграта поинтересна, толку вагината  на жената ќе биде повлажна. Тоа ја олеснува пенетрацијата и го подобрува транспортот на сперматозоидите кон јајце клетката.
  • Останете здрави во текот на зимата, јакнејќи го својот имунитет на природен начин. Препаратите против настинка и грип спречуваат влажнење на половите органи што е неповолно за забременување.
  •  

    Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

    Приказната на Вишња Томиќ
    Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
    2
    Интраутерина инсеминација
    Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...
    2
    Македонска мобилна апликација-Caffetin Men...
    Ви ја претставуваме македонската мобилна апликација за следење на месечен циклус – Caffetin Menstrual
    2
    Што е тестостерон?
    Што е тестостерон и која е неговата функција во организмот?
    2




    Анкета

    Бременост.
    пеперутка16

    Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?