Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Најважна од сите задачи на родителите е да ги научат децата на дисциплина. Не само заради тоа детето да ги слуша, туку и бидејќи така подобро ќе се снајде и ќе ги научи правилата додека да стане возрасна личност. Дисциплината ќе му биде потребна на работното место, во сопственото семејство, меѓу пријателите и оние кои не се тоа.
Со столетија наназад ќотекот бил примарен метод за дисциплинирање на децата. За жал, потребни биле столетија за да се изгради свест кај родителите дека таквиот метод е потполно погрешен и не ефектен. Безброј студии покажале дека физичкото казнување на децата е извор на агресија и насилство од генерација во генерација. Тоа е само една причина за да не го удрите детето. Еве ги и останатите:
• Таквиот метод не функционира. Децата кои се физички казнувани многу често забораваат зошто се казнети. Тие не мислат на причината за таквата реакција на родителите, туку само на физичката болка. Ќотекот не поттикнува добро однесување, напротив, децата кои се тепани се поагресивни.
• Децата така учат да удираат. Тие ги гледаат родителите и ги имитираат. Физичкото казнување ги учи дека удирањето на другиот е прифатливо однесување. Исто така, децата кои се така казнувани ќе ги тепаат и сопствените деца. На тој начин продолжува циклусот на казнување со насилство.
• Тоа влева страв. Некои деца кои се казнувани на ваков начин се плашат од родителите. Ваквиот однос на родителите резултира со повлекување на децата и недостаток на доверба во родителите.
• Ќотекот создава лутина. Децата чувствуваат дека таквата казна е неправедна, а чувството на неправда создава бес. Овие децата се мирни на изглед, а всушност акумулираат лутина и бес во себе. Таквиот гнев може да биде закана за доброто на детето, како во детството така и понатаму во животот.
• Физичкото казнување ја нагризува самодовербата. Децата ја градат својата самодоверба врз основа на родителската перцепција за нив. Ќотекот им испраќа порака на децата дека се лоши, мали и слаби. Таквата порака ја руши самодовербата на детето го прави детето немоќно и потценето.
• Овој начин на казнување ги анулира останатите алтернативи на родителите. Кога еднаш ќе почне родителот физички да го казнува детето, многу брзо заборава дека постои и друг начин на воспитување. Сите други начини се подобри од физичкото казнување. Психолозите кажуваат дека е потребно да се зближите со детето за да ги задоволите неговите потреби. Постојат безброј методи преку кои децата можат да научат да бидат дисциплинирани, да ги почитуваат правилата и да имаат прифатливо однесување. Ќотекот не е на таа листа.
• Едно удирање на детето може да премине во физичко малтретирање. Докажано е дека ќотекот нема воспитна функција. И што прават родителите откако децата нема да ги послушаат? Ќе ги удрат појако, па уште малку појако.... Некои родители на тој начин ќе ги преминат границите на физичко малтретирање на децата.
• Ќотекот ги боли и родителите. Многу родители не сакаат на ваков начин да ги казнуваат децата и сметаат дека тоа не е добра дисциплинска мерка. И кога ќе го удрат детето чувствуваат вина. Откако таквата мерка нема да даде резултат, се чувствуваат беспомошно.
• Тоа може да ги избрише убавите спомени. Многу родители се трудат да создадат убави спомени на детството, кај децата. Меѓутоа еден удар може да ги избрише сеќавањата на се' убаво што се случило во тој ден, а исто така да го избрише и сеќавањето на причината за која детето било удрено. Децата ќе ја запомнат само болката, а ќе заборават се' останато. Така можат да ги заборават и убавите искуства од детството.
• Физичкото казнување го уништува односот меѓу децата и родителите, креирајќи емотивна блокада. Децата зависат од родителите кои се грижат за нив. Тие имаат доверба во нив и нивните постапки. Авторитет кој се темели на страв прави децата да ја изгубат почитта кон родителите. Недостатокот на почитување доведува до проблеми во однесувањето. Овој магичен круг ги оддалечува родителите од децата и обратно.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Чекорење напред! Детски чевли со оптимално вклопување
Интервју со Дипл. бизнис економист (БА) Тристан-Себастијан Ниче, изврш...
Правилен избор на детски чевли
Најважната фаза во развојот на детските стапала е од раѓање до приближ...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Што ве чека во првите три месеци од бременоста?
Доаѓањето на бебето комплетно ќе го промени вашиот начин на размислува...
7 совети за подобро да спиете додека сте бремени
Спиењето не е лесно кога имате трудничко стомаче. Еве 7 совети што мож...
Расположението во бременоста.
Admin
Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?