Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Пријателите, семејството и колегите често поставуваат прашања , со најдобри намери. Но, за многу парови, посебно за оние кои избрале да не зборуваат отворено за фактот дека се во процес на лечење неплодност, или за неуспешните обиди за вонтелесно оплодување, овие прашања можат да бидат многу вознемирувачки
Прашањата како “Кога вие двајца мислите да имате бебе?” или “Како напредуваат обидите да добиете бебе”, можат да бидат тешки за одговарање.
И како што тие си дале право да Ви поставуваат такви прашања, така и Вие имате полно право да одговорите како сакате.
Размислете за можноста на блиските однапред да им кажете дека Ви е тешко да разговарате на таа тема и да се воздржат од поставување прашања. Доколку не можете да им предочите вакво барање, тогаш би можеле да подготвите неколку одговори однапред. Некои примери се:
- Да, се надеваме дека во некој момент ќе имаме бебе.
- Се надеваме на бебе, но тоа се уште не ни се случило, така што подобро да не разговараме за тоа во овој момент.
- Се обидуваме со вонтелесно оплодување и ќе ве известиме ако има некакви новости.
- За жал, тоа не ни се случило.
Запомнете дека имате право отворено да кажете што чувствувате
Најблиските многу често се грижат за вас и за она низ што поминувате, но може да им биде тешко да пронајдат зборови или дела кои ќе Ви ја олеснат болката.
Исто така, може да им биде тешко да видат дека чувствувате болка и несвесно да зборуваат работи кои можат да Ве повредат. Искуството низ кое поминуваат паровите кои имаат проблеми со зачнувањето, може да биде како емотивен roller coaster. Може да почувствувате олеснување кога ќе ги изразите своите потреби и желби, а истовремено на тој начин, може да им покажете на другите околу себе за што Ви е непријатно да разговарате.
И додека на некои парови им е лесно отворено да разговараат со другите, на други парови им е тешко било што да кажат за својот проблем. Ако ова Ви се случува и Вам, бидете смирени.
Постојат многу начини на кои може да споделите што Ви се случува и што чувствувате. На некои им е полесно своите мисли и чувства да ги изразат преку запишување во дневник, или на напишат писмо на некоја сакана личност за тоа како се чувствуваат и на кој начин бараат поддршка и разбирање. Во овие моменти важно е да застанеме на момент и да се запрашаме: “Со кого сакам да го споделам ова што ми се случува и како сакам некој да ми помогне?”
Тука можете да ги споделите речениците кои ги користите за одговор на вакви и слични незгодни прашања, или да го напишете својот дневник, или својата приказна и на тој начин да си олесните на душата.
6
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Како да го темпирате сексот ако сакате да забремените?
Ако планирате бременост, едно од најважните нешта што треба да ги знае...
Дали природното секогаш значи и безбедно?
Кога станува збор за здравјето, исхраната и негата на телото, многумин...
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста, но важ...