|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Кога да почнеме да даваме чоколадо на детето?

Редакција Рингераја, 5.12.2014
Чоколадото е омилен продукт на децата, но родителите знаат дека тоа не е најздрав избор за детското мени. Кога може да почнеме да даваме чоколадо на детето, без да влијае штетно на неговото здравје?
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Зошто не е препорачливо да брзате со чоколадо?

Слатките задоволство се слабост на секое дете. Причината е дека уште додека мајката го дои бебето, тоа добива одредено количество шеќер преку мајчиното млеко и на тој начин се раѓа љубовта кон слаткото. Чоколадото се разбира е омилен продукт, но е тешко да му се објасни на детето дека поголемите количини можат да бидат опасни за неговото здравје.

Проблемот е што во едно чоколадо има премногу големи количини на шеќер, кои ја надминуваат дневната потреба, погодна за едно дете. Како резултат на тоа, детето станува хиперактивно, немирно, вознемирено. Освен тоа, во путерот од какао, кој се користи при изработка на чоколадото се содржат масти, кои можат да бидат причина за прекумерна тежина кај децата. Заради шеќерот и јаглехидратите во чоколадата, апетитот на детето се намалува, а за родителите станува сè потешко да го убедат да јаде нешто корисно и здраво.

Важно е да се напомене и дека поголеми количини на чоколадо може да предизвикаат проблеми со забите кај помалите деца. Исто како возрасните, така и малите деца можат да станат зависни од чоколадо, ако ги оставите да јадат чоколадо без контрола.

 

1


Кога да започнете да давате чоколадо на детето?

И покрај наведените ризици, чоколадото не треба целосно да се елиминира од детското мени. Ако почнете да го давате на детето во соодветната возраст и не ги надминувате препорачаните количини, тогаш чоколадото нема да го загрозува здравјето на детето.

Експертите препорачуваат да почнете да давате чоколадо најрано по втората година. Причината е дека пред тоа чоколадото може да се претвори во алерген, детето да развие алергија и да добие осип. Многу родители сепак почнуваат да даваат чоколадо, кога детето ќе наполни една година. Тоа може само под услов доколку не се забележани проблеми со здравјето на детето и ако детскиот организам добро прифаќа нова храна.


Корисни совети

- Купувајте само детски чоколадо - во него се содржи повеќе калциум, кој е корисен за детскиот организам.
- Избегнувајте да купувате чоколадо или бонбони со фил и никогаш не купувајте чоколадо со лешници за мало дете.
- Не се дозволуваат повеќе од 2-3 коцки чоколадо на ден за дете на возраст меѓу 3 и 5 години.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Уртикарија кај децата
Црвени дамки, чешање и оток, појавата на осип кај детето може да изгледа алармантно. Уртикаријата, е честа појава кај де...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“ на Телма ТВ
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија во недела на 21.04.2013 во 10.20...
4
Навикнување на нокшир
Кои се чекорите за навикнување на нокшир? (англиско видео)
3
МЕНСА препорачува: пуштете ги децата да ск...
Др. Ранко Рајовиќ, член на Управниот одбор на MENSA International препорачува: пуштете ги децата да се вртат додека им е...
3




Анкета

imence
milobebence

koe ime za devojce poveke vi se dopaga?

lina (34%)

nina (20%)

sofija (30%)

mina (17%)


Број на сите гласови: 164

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!