|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да се спречи предвременото породување?

Редакција Рингераја, 14.11.2020
Со години и години научниците истражуваат како да се спречи предвременото породување, со цел да се намали бројот на предвремено родени бебиња. Секоја година, 1 од 10 бебиња ширум светот се раѓаат пред 37-та недела од бременоста

image
/11


Предвременото породување носи краткорочни и долгорочни компликации кај децата.

Компликациите од предвремено породување се водечка причина за смрт на деца на возраст под 5 години.

 

Како да се спречи предвременото раѓање

Современите медицински достигнувања драстично ги подобрија стапките на преживување кај предвремено родените бебиња.

Со ефективен третман, се проценува дека предвременото породување може да се намали за 75%.

Неодамна објавена студија откри дека бремените жени кои го зголемиле внесот на омега-3 масни киселини,  имаат многу поголеми шанси да го спречат предвременото породување.

 

Омега-3 масните киселини ја намалуваат стапката на предвремено породување


Предвремено родените новороденчиња често поминуваат недели, ако не и месеци, во единиците за интензивна нега и таму се изложени на ризик за долгорочни компликации како што се:

-          Состојби на белите дробови, како што се астма или белодробни заболувања

-          Проблеми со растот и развојот

-          Моторни и когнитивни попречности

-          Инфекции

-          Проблеми со видот

-          Губење на слух

Постојат значителни трошоци за здравствениот систем и за родителите кои се грижат за овие новороденчиња.

Многу предвремено родени бебиња бараат постојана медицинска нега и специјализирани терапии долго откако ќе го напуштат центарот за интензивна нега.

Предмалку споменатата студија ја водеше тим на истражувачи од институтот за здравствено-медицински истражувања лоциран во Јужна Австралија.

Тие составија 70 рандомизирани испитувања, во кои беа вклучени скоро 20.000 жени. Откриле дека зголемувањето на внесот на омега-3 за време на бременоста го намалува ризикот од предвремено породување.

 

Според студијата примањето суплементи на омега-3 масните киселини:

-          Го намалува ризикот на предвремено породување пред 37-ма недела за 11%. Од 134 предвремено родени бебиња на 1.000 раѓања, намалено на 119 од 1.000.

-          Го намалува ризикот на предвремено породување пред 34-та недела за 42%, или од 46 предвремено родени бебиња на 1.000 раѓања, намалено на 27 од 1.000.

 

Што се омега-3 масните киселини?

Омега-3 се компоненти на мембраните што ги опкружуваат клетките. Тие исто така обезбедуваат енергија и влијаат на функцијата на срцето, крвните садови и многу повеќе.

Омега-3 масните киселини се наоѓаат во риби, ленено семе, некои растителни масла и одредени додатоци.

 

Дали конзумирањето на риба е поефективно од конзумирање суплементи?

Студијата врз која е базирано ова истражување, препорачува конзумирање на додатоци во исхраната, како главен извор на омега-3, наместо целосна промена на диетата.

Потребната количина на омега-3 е многу тешко да се достигне исклучиво преку природна исхрана и диета.

Истражувачите порачуваат – “За да ја добиете потребната количина на омега-3, ќе треба секоја недела барем по 3 пати да јадете порција лосос од 150г”.

 

Дали сум во опасност од предвремено породување?

Постојат неколку фактори на ризик за предвремено породување, но, во поголемиот дел случаи причината не е позната.

Издвојуваме неколку работи кои може да ви наговестат предвремено породување:

-          Претходна историја на предвремено породување

-          Телесна тежина која се смета за превисока или премала

-          Инфекции на репродуктивниот тракт за време на бременоста

-          Пушење, конзумирање алкохол или употреба на дрога за време на бременоста

-          Бебе кое има вродени дефекти

Ова сигурно не го знаевте за новороденчињата!
Бебињата се неверојатни мали суштества кои постојано ги изненадуваат своите родители, претежно позитивно, а понекогаш и ...
26
Што да јадете за да не добиете коронавирус?
Кои витамини и минерали се најефикасни во борбата против Ковид-19? Кои се оние хранливи материи кои имаат научно докажан...
14
Приказна за Мајмире, која ќе ве расплаче
Мајмире Исмаил имала пет деца, но само едно и преживеало. Згрижила девојче кое имало сплескана главичка, искривени нозе ...
13
Предлог за здрав појадок: Овесна каша
Овесната каша се подготвува многу брзо и едноставно.Одзема само 5-10 минути од времето
10


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

vesna
vesneee

<3

andrej (36%)

david (33%)

matej (31%)


Број на сите гласови: 103

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!