vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Сок од лимон: Ставете на критичните места свежо исцеден сок од лимон. Лимонската киселина им пречи на мравките и кога ќе ја почувствуваат веднаш се оддалечуваат од неа.
Цимет: Нанесете есенцијално масло од цимет во сите агли каде што се појавуваат мравките. Исто така може да направите течност од половина литар вода, две лажички цимет и неколку чешниња лук. Со добиената мешавина испрскајте на местата каде што има мравки.
Вода и детергент за садови: Зовријте еден литар вода и додадете неколку капки детергент за садови. Со оваа течност натопете ги критичните места.
Креда: Во сите земјоделски аптеки може да се набави ефтина креда за мравки. Едноставно повлечете линија и не грижете се, мравките нема да се осмелат да ја преминат.
Сода бикарбона и шеќер во прав: Измешајте еднаква количина на сода бикарбона и шеќер во прав. Ставете ја смесата на место каде се наоѓаат мајмногу мравки. За неколку дена ќе ги уништите сите.
Мелено кафе: Ставете обично мелено кафе на местата каде што излегуваат мравките. Кафето нема да ги уништи, но ќе ги натера да го променат живеалиштето.
Киселина: Можете да ја користите на повеќе начини. Киселина може да ставите директно во жариштето (ако го најдете). Гарантирано ги уништува сите мравки и го спречува нивното појавување. Потоа можете да ги испрскате аглите и малите отвори со комбинација од киселина и детергент за садови. И за крај, во водата со која го чистите подот ставете киселина – куќата ќе блеска и мравките ќе исчезнат.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...