|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да препознаете лоша дадилка?

Редакција Рингераја, 31.5.2013
Не е секогаш лесно да се знае дали дадилката ја работи својата работа онака како што Вие би сакале и како што е најдобро за детето, а посебно ако бебето сеуште е многу мало

image
/11


 

За да го дознаете тоа, ќе мора малку да истражувате. Некои родители кои се сомневаат дека нешто не е во ред користат дури и скриени камери и други облици на надзор, за да откријат што се случува. Меѓутоа и без овие екстремни мерки, можно е да се дознае дали нешто не е во ред, ако го набљудувате однесувањето на дадилката и детето.

Доколку забележите некои од следните знаци, тоа може да биде сигнал дека нешто не е во ред:

-        Вашето бебе не се радува кога ќе ја види дадилката

Секако дека дадилката не може да ги замени мама и тато, но секое дете треба да и верува на својата дадилка и да ја сака. Можеби се работи само за тоа дека дадилката и бебето не успеале да се поврзат, или дадилката едноставно не му ја дава топлиината која му е потребна на Вашето дете. Како и во секој друг човечки однос, така и во овој случај, емотивната поврзаност е многу важна, ако не и најважна.

-        Вашата дадилка не зборува за тоа како го поминале денот со детето

Како го поминуваат времето Вашето бебе и дадилката, не би требало да биде тајна. Секоја мајка кога ќе дојде дома, сака да знае што се случувало додека била отсутна. Доколку бебиситерката нема желба да разговара на таа тема, тогаш не сака да воспостави добра комуникација со Вас, или нешто крие.

-        На Вашето бебе му се случуваат незгоди кои едноставно се избегнуваат

Дадилката мора да има постојан надзор над детето и мора да знае што прави детето во секое време, за да спречи повреди. Ако повредите и незгодите се случуваат често, тогаш над бебето нема правилен надзор.

-        Дадилката не ги следи Вашите упатства

Родителите и дадилката ја делат грижата за детето. Меѓутоа дадилката не смее да се однесува како подобро да знае од Вас што му треба на Вашето дете.

-        Вашата дадилка често доцни

Дадилката која често доцни покажува незаинтересираност. Ако доцни на почетокот на работното време, може да доцни и во задоволувањето на потребите на детето (пресоблекување, хранење, спиење)...Во тој случај побарајте дадилка која се залага за својата работа и која има обзири за Вашите потреби.

-        Детето е често неуредно и валкано

Ако дадилката не може да води грижа за основните работи, како што е хигиената на детето, тоа може да биде знак дека не е подготвена да ја работи оваа одговорна работа и дека не може да ги задоволи потребите на детето.

-        Забележувате ситни лаги

Никогаш не толерирајте лаги и измами. Во дадилката мора да имате полна доверба. Ако имате чувство дека не е искрена, или ако забележите дека од куќата Ви снемува работи, побарајте друга дадилка.

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нежно лекување и хигиена на носот
Благодарение на солите кои се содржат во Нисита, во носот се создава и одржува влажна средина што доведува до брза реген...
4
Еј, мамичке! Сакам да ти кажам нешто
Гримасите кои бебињата ги прават со лицето не се само симпатични – тие се обидуваат да комуницираат на тој начин. Еве шт...
4
Сушењето облека дома предизвикува астма
Многу мајки во текот на зимата немаат друг избор па ја сушат облеката дома, на радијатори, или за тоа предвидени сталаж...
4
Видиќ стана татко по трет пат
Капитенот на Манчестер Јунајтед во текот на вчерашниот ден по трет пат стана татко.
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?