|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да купите соодветно седиште за во автомобил?

Редакција Рингераја, 4.5.2010
На секој родител најважна му е безбедноста на своето дете, па затоа се одлучува да купи седиште за во автомобил. Најважно е седиштето за во автомобил да одговара на возраста и тежината на детето.

image
/11


На секој родител најважна му е безбедноста на своето дете, па затоа се одлучува да купи седиште за во автомобил. Меѓутоа, родителите често не знаат какво седиште да купат поради  големиот избор на седишта од различни произведувачи, модели и секако цени. Сепак најважно е во продавниците да знаат да ни дадат соодветен совет.  Би било добро да го поведеме и детето за да го ставиме во различни седишта кои одговараат за неговата возраст, и да го одбереме она во кое детето ќе се чувствува удобно, а со тоа и нам возењето ќе ни биде олеснето.         

Најбитен совет е седиштето за во автомобил да одговара на возраста и тежината на детето. Долу се наоѓа табела на одредена група на седишта за во автомобил и соодветната возраст на детето: седиште, кое има карактеристики на две или повеќе старосни групи е компромисно решение, затоа што не е оптимално ергономски обликувано ни за една старосна група.  Само правилно обликувано и доволно цврсто седиште му дава на телото добар ослонувач и овозможува добра заштита на главата.

група

тежина

старост

0

до 10 кг

0 до 9 месеци

0+

до 13 кг

од 9 до 18 месеци

I

9 до 18 кг

9 месеци до 3 год

II

15 до 25 кг

3 до 6 год

III

22 до 36 кг

6 до 12 год

Седиштето наменето за дете на возраст од една година мора да има и можност за менување на положбите на наслонот - дигање и спуштање на горниот дел.

Детето може во седиштето да гледа во правец на движењето или во спротивен правец (кај седиштата за најмлади децата гледаат во спротивен правец, а кај седиштата за постари децата се свртени во правецот на движење) – мораме да ги земеме во предвид упатствата на производителот. Кога темето на детето веќе стигнало до горната ивица на седиштето, мораме да го смениме со поголемо. Кога детето е постаро од 3 години, наместо такво седиште за во автомобил можеме да му купиме само седиште, кое овозможува детето да го осигураме со појасот од автомобилот, а за подобар потпирач за главата и грбот можеме да го комбинираме со потпирачот.

На избраното седиште мора да има портокалова лепенка со натпис ECE R 44/03, која е знак дека седиштето е изработено во склад со најновите безбедносни прописи (homologacija). Ако на него се ознаките R 44/01 и R 44/02 значи дека при произведување ги земале во предвид изминатите, поблаги, безбедносни барања. Најголема безбедност обезбедува најновиот ISOFIX систем, кој овозможува седиштето за автомобил да го вградиме на четири места во автомобилот (го вградуваат во новите модели на автомобили). На тој начин оневозможено е неправилно местење или погрешна употреба на седиштето за во автомобил. Во случај на несреќа каросеријата на автомобилот ја ублажува јачината на ударот и со тоа и повредите кои би настанале на главата на детето. Тој систем го развива меѓународната организација за стандардизација со цел, во иднина при производство на нови автомобили да го употребуваат сите производители како единствен систем.

Голем број на автомобили имаат airbag (безбедносно воздушно перниче) пред совозачкото седиште. Во тој случај таму не смееме да го наместиме детското седиште за во автомобил, освен ако ја исклучиме функцијата на воздушното перниче. Дури и кога детето е врзано со појас и седиштето за во автомобил е добро наместено, може јачината на ударот на airbag-от да доведе до тешки физички повреди или дури и до смрт. Некои од новите автомобили се веќе опремени со лепенки кои предупредуваат дека детското седиште за во автомобил не смееме да го наместиме на совозачкото место токму заради воздушното перниче, односно дека треба да го исклучиме.

Најважни безбедносни совети:

- употребувајте седиште за во автомобил кое одговара на тежината и староста на детето!
- пред да го купите седиштето, морате да проверите дали може да се монтира во вашиот автомобил!
- држете се до упатствата на производителот (за местото и начинот на местење на седиштето за автомобил) и погрижете се упатствата секогаш да ви се на дофат на рака!
- секогаш користете безбедносни појаси!
- седиштето за автомобил смеете да го наместите на совозачкото седиште само ако таму нема воздушно перниче или неговата функционалност е исклучена.

Најчести причини за несреќа:

- детето е недоследно и површно врзано,
- седиштето не е добро наместено,
- користење на седиште кое не е наменето за староста на детето,
- користење на застарено седиште за во автомобил,  
- седиштето во автомобилот не е правилно наместено, затоа што тоа не е можно (при преместување на седиштето во друг автомобил).

Доколку планирате да купувате користено седиште за во автомобил, морате да внимавате на следниве работи:

- седиштето не смее да биде оштетено (на пр. искршени делови),
- доколку седиштето веќе „преживеало“ несреќа, може на прв поглед да има неприметни оштетувања,
- не смее да биде постаро од 10 години.

Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
38
Ангелот на едно дете
Си беше еднаш едно дете кое се подготвуваше да дојде на свет...
30
Рецепт за најубави балони од сапуница
Децата обожаваат да си играат со величествените балони од сапуница. Еве неколку рецепти за течност со која се прават нај...
21
Каде грешат родителите кога децата се болни?
Додека децата растат и го градат својот имунитет, почесто боледуваат. Течење на носот, болно грло и температура се само ...
20


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Дали ги разгалувате вашите деца?
Jana9

Дали ги разгалувате вашите деца?

ДА (27%)

НЕ (19%)

Понекогаш (54%)


Број на сите гласови: 26

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!