Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
За жал, праксата покажува дека кога децата ќе станат ученици, во преголем број на семејства недостасува токму довербата. Начинот на кој го критикувате детето и ги прифаќате неговите грешки, се меѓу клучните елементи на изградбата на довербата.
Додека се децата мали, довербата е релативно едноставна категорија. Ја стекнуваме со задоволување на детските потреби кога е гладно, жедно, уплашено, уморно, или кога бара утеха. Како детето расте, почнува да чувствува и проценува дали го прифаќаме и заклучува дали може да ни верува, проценувајќи ги нашите постапки (иако тоа најчесто го прави на несвесно ниво.)
На постарите деца не им е доволно задоволувањето на елементарните потреби за храна, пијалак и покрив над главата. Тие ќе имаат доверба во лицата кои сакаат да им помогнат, на кои не им се случува често да ги повредат и кои ги прифаќаат. Секој родител ќе каже дека сака да му помогне на детето, но важно е дали детето ги прифаќа како помош делата на родителот или ги доживува сосем спротивно – како притисок, напад, наметнување на сопствената волја и оптеретување.
Довербата се гради: со внимание, претпазливост и комуникација со детето, со одржување на ветувањето, прифаќање на детето такво какво што е, со слушање, почитување, искажување на грижа, давање на топлина и љубов, признавање на сопствените грешки и давање можност тие да се исправат со взаемно разбирање.
Довербата се уништува: со неприфаќање на детето такво какво што е, обвинување, критика, осудување, напад, одбивање, непочитување, исмејување, постојано испитување и делење на совети.
Од овие. на прв поглед едноставни и воочливи примери, видливо е како на пример, авторитативен и строг родител, ќе ја изгуби довербата во своето дете, со непочитувањето на фактот дека и детето има сопствен мозок и дека за доста работи е во состојба само да размисли и одлучи. Но и премногу грижливи и заштитнички настроени родители, исто така ќе ја изгубат довербата бидејќи премногу испитуваат и го пикаат носот во секоја детска постапка, па детето тоа ќе го протолкува на логичен начин – како недостаток на доверба.
Родителите со двоен морал, кои се занимаваат со нечесна работа, или се подмитливи, кои сметаат дека во работата успеваат само снаодливите, колку и да се обидуваат да го сокријат тоа во рамките на семејството, децата ќе го препознаат и ќе станат недоверливи или, во друга варијанта, слични на родителите.
Кога ќе порасне, ако довербата е изградена, Вашето дете ќе Ве повика кога е пијано, или оставено на цедило, што во потполност ги негира родителите кои недостатокот на доверба ја оправдуваат од страв од лоши сценарија.
Довербата изградена меѓу родителот и детето не е само темел на едноставно воспитување. Животот и довербата е полесен и поедноставен за двете страни, но пред се е важен за детето, чија што личност е во развој. Детето кое не чувствува дека е прифатено и дека може да има доверба во родителите, што и да се случи, најчесто се развива во несигурна личност, а ќе биде недоверливо и кон сегашните и идни партнери и пријатели. Кога ќе сака да ги надмине и реши своите проблеми, ќе мора само себеси да си биде родител, што не е лесно и за што сведочат голем број на психијатри и психолози.
На многу родители им претставува проблем да имаат доверба во децата бидејќи чувствуваат одговорност. Свесни се дека нивните деца не мораат да бидат лоши, но се плашат од нивната незрелост и евентуалните штетни последици. Затоа повеќето родители ќе го контролираат своето дете ронка премногу, отколку ронка премалку, а и поедноставно е своите стравови да ги потиснат со по некоја забрана. И тоа е за луѓе, но многу е тенка границата во која недостатокот на доверба ќе почне да претставува модел на однесување во некое семејство.
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Поддршка од партнерот во бременоста
Бременоста е период на радост, но и на огромни промени физички, хормон...
Се расправате често? Не е крај туку почеток на промена
Кога расправиите стануваат чести, лесно е да помислите дека нешто е „с...
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...