|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како да го придобиете шефот на ваша страна?

Редакција Рингераја, 7.5.2015
Односот со лицето кое ви е надредено на работа, често е осетливо подрачје. Ако сакате вашиот однос со шефот да биде што поквалитетен, држете се до овие седум совети

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Прифатете го фактот дека вашиот однос повеќе нема да биде ист

Немојте премногу да се врзувате за односот кој моментално го имате со шефот, или да се окупирате од мислата каков ќе биде вашиот однос за пет години. Природно е дека со текот на времето тој однос ќе варира, или ќе биде помалку или повеќе интензивен.

 

Не дозволувајте да ве допре лошото расположение на шефот

Најдобро што можете е да бидете доследни на работното место. Некои луѓе едноставно имаат чуден карактер. Бидете свесни за расположението на шефот, но продолжете со својата работа. Така на надредениот ќе му покажете дека сте конзистентна сила на која може да се потпре.

 

Не чекајте да добиете пофалба

Чекањето некој да ве пофали често е знак на незрелост. Ако имате доволно самодоверба и сте свесни за своите способности, не ви се потребни пофалби. Освен тоа, доброто и совесно извршување на работата е во описот на секое работно место.

 

Навреме известете го шефот кога планирате годишен одмор, или слободни денови

Водете сметка за тоа однапред да го известите шефот кога мислите да одите на годишен одмор, или да користите слободни денови. Така ќе му овозможите да стигне да се организира и вашите работни задачи да му ги прераспореди на други работници.

 

Дојдете на работа пред него

Многу надредени кажуваат дека се чувствуваат одлично кога ќе дојдат на работа и ќе видат дека луѓето со кои раководат се веќе тука. Тоа им влева доверба и им дава до знаење дека сте одговорна личност на која можат да се потпрат.

 

Шефот не мора да ви биде пријател

Шефот не мора да знае се за вашиот приватен живот. Освен ако не ви прати покана за пријателство, немојте да го барате за пријател на Facebook.

 

Бидете му лојални на шефот и тој ќе ви биде лојален вам

Трудете се да не криете ништо што е поврзано со работата од шефот. Дајте му до знаење дека сте на негова страна и дека може да ви верува.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Причини, тригери и природни решенија за акни
Акните се една од најчестите кожни состојби кои не ги погодуваат само тинејџерите, туку и возрасните.
3
Кои се најдобро облечените жени во 2015?
2015-та година е речиси при крај и време е за посетување на сите оние извонредни нешта на кои бевме сведоци...
3
Држејќи се до правилото „нема секс пред брак“
Одлуката да се нема сексуален однос пред брак за некои е длабоко лична, за други е поврзана со вера, култура или семејно...
3
Вајолет Афлек се подготвува за сестричка
Малата Вајолет Афлек е забележана на училиште неиспуштајќи ја од раце својата кукличка бебе. Погледнете ги фотографиите ...
2




Анкета

izbor na ime
dona

eve nekolku predlozi za mojata princeza

stefani (33%)

tamara (15%)

irina (26%)

melanija (26%)


Број на сите гласови: 39

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!