Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Не е корисно да го замотате детето како во кожурец, особено кога станува збор за главата и вратот. По вратчето му поминуваат многу крвни садови. Од премногу затоплување тие се прошируваат и кон главата оди повеќе крв. На тој начин се повлекува крвта од нозете, рацете и внатрешните органи. Загревањето на еден дел на телото, а ладењето на друг - е исклучително штетно.
Специјалистите советуваат да не се става капа на главата, ако надвор не дува силен ветер. И потсетуваат дека децата кои непотребно се замотани со марами, почесто боледуваат од грип и ангина. Кога ги покриваме со шал нустата и носот на детето, се формира влага, која е поволна средина за размножување на бактериите.
Во зима први кои страдаат од студ , се стапалата и зглобовите на рацете. Нормално е да не се топли, но не треба и да се мраз ладни. Ако се само млаки, тоа значи дека терморегулација на телото кaј децата работи.
Неколку едноставни вистини:
1. При подготовка за прошетка, секогаш прво облекувајте се себе, а потоа детето. Така не ризикувате тоа да се загрее, испоти и да настине кога ќе излезете надвор.
2. Ако прошетката вклучува шопинг, облечете му на детето топла облека во два дела, за да можете да му ја соблечете јакната на детето во продавница.
3. За здравјето на детето се подеднакво штетни како премрзнувањето, така и прегревањето. Придржувајте се кон златната средина.
4. Топли правилната, а не многуслојната облека.
5. Организмот на детето се разликува од оној на возрасниот и не смеат да се споредуваат сопствените чувства со неговите.
6. Како да се утврди дали на детето му е студено – допрете го на носето, вратчето, кожата на нозете над стапалата и зглобовите на рацете.
7. Зацрвените образи и носе се знак за здравје и пријатно поминување на времето, а не за смрзнување.
Облека според температурата надвор
Тврдењето "Облекувај го детето со едно парче облека повеќе од тебе" остана во минатото. На место каде возрасниот ќе облече џемпер, детето сосема спокојно ќе игра по блуза.Едноставно, материјалите од кои во повеќето случаи се произведуваат детските облека, се поинакви.
+ 5 / -5 степени - блуза со долги ракави, хулахопки, комбинезон, зимски чевли, ракавици, шапка.
-5 / -10 Степени - поткошула, блуза со долги ракави, хулахопки, комбинезон со постава, зимски чевли, капа, шал, ракавици.
Оваа шема не треба да се смета за прва и последна инстанца. Одлучувачки збор има детето и неговата индивидуална удобност.
забава Бремените
Автор: bobik
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Мајчинство и сексуалност. Како се менува интимноста?
Мајчинството е патување исполнето со љубов, предизвици и големи промен...
Како да се справиш со првите мајчински стравови?
Стекнувањето на титулата мајка е едно од најубавите, но и најпредизвик...
Секој ден ни е подарен како празна страница. Но, често, наместо да ја ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?