Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Прекинете со пилулите за контрацепција
Прекинувањето на контрацепцијата не значи дека овулацијата веднаш ќе започне нормално, па не паничете ако не забремените во првите три месеци.
Знајте го вашиот датум на овулација
Ова е време кога шансите за забременување се највисоки. Тоа е обично околу 14-от ден по почетокот на менструацијата. Можете да го откриете овој ден со помош на мерење на базална телесна температура во текот на целиот циклус. Температурата на телото е повисока само по овулацијата. Забележете ги овие детали кои ќе ви помогнат подобро да го запознаете вашиот циклус и плоден период.
Тестови за овулација
Тестовите за овулација исто така можат да ви помогнат и достапни се во аптеките. Предноста на овие тестови е што кажуваат дека настапува овулација за 1 или 2 дена однапред, така што ќе можете да се подготвите за тоа. Тие се базираат на концентрација на хормоните во урината и имаат 96% сигурност.
Имајте секс на секои три дена
Бидејќи животниот век на сперматозоидите е 72 часа, можете да водите љубов на секои три дена.
Повеќето позиции се во ред
Иако некои сугерираат дека мисионерската поза е најдобра за забременување, сепак не постои позиција за која е докажано дека ќе и помогне на спермата побрзо да стигне до својата дестинација.
Ставање перница под задникот
Лекарите советуваат да ставите перница под задникот после половиот однос, за да и се даде на спермата правилна насока на движење. Во овој случај гравитацијата помага спермата побрзо да стигне во грлото на матката и да продолжи во потрага на јајце-клетката.
Останете во таква позиција околу 20-30 минути. Така ќе имате најголеми шанси за забременување. Можете исто така да лежите и без перниче под задникот, но најважно е да не станувате веднаш.
Внимавајте на исхраната
Здравата исхрана и помага на плодноста. Нискокалоричната храна ви помага да ги изгубите килограмите, но може да има влијание и на хормоните потребни за да се забремени. Употребата на многу шеќер го зголемува производството на адреналин, хормон кој делува против прогстеронот, кој ја подготвува матката за бременост. Кафето, алкохолот и цигарите исто така имаат негативни ефекти врз плодноста.
Вистинска сезона
Плодноста е исто така поврзана и со годишните времиња. Повеќе сперматозоиди се произведуваат во почетокот на пролетта и крајот на есента. Сперматозоидите се повеќе подвижни на крајот на летото и почетокот на есента. Се чини дека есента и почетокот на зимата се најдобар период за забременување.
6
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Нахранете го вашето тело по породувањето
Периодот по породувањето е време на закрепнување, прилагодување и нови...
Планирате бременост? Избегнете ги овие чести грешки
Одлуката да се прошири семејството е возбудлив чекор, но понекогаш пат...
Облека што може да се носи и по породување
По породувањето, телото поминува низ многу промени, па удобноста стану...
Зошто движењето е важно во бременоста?
Бременоста е период во кој телото поминува низ бројни физички и хормон...
Планирате бременост? Започнете со вашиот циклус
Следењето на менструалните и плодните фази може да ви помогне да ја ис...