|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да добиете дете од саканиот пол?

Редакција Рингераја, 30.8.2020
Желбата на родителите да влијаат на изборот на пол на своето дете е стара колку и човештвото. Како поминувало времето, така се создавале митови и легенди за тоа на кој начин можете да влијаете на изборот на пол на Вашето дете.

image
/11


 

На пример: морате да водите љубов на полна месечина, ако сакате девојче. Или момчињата се “прават ” во непарен датум... Секако, таквите рецепти се смешни и во нив не веруваме. Но што е со научните истражувања?

Пред  да почнете да се забавувате испробувајќи љубовни рецепти, треба да се нагласи дека со помош на овие совети можете да ги зголемите шансите да влијаете на избор на полот на детето пред да зачнете. Но моментно не постои техника, или процес кои ќе Ви гарантираат дека ќе добиете момче или девојче. За секој пар е, секако, најважно да добие здраво дете, без оглед на неговиот пол.

Водечките теории за половата селекција се засноваат на фактот дека клетките на човекот имаат 46 хромозоми, односно 24 пара. 44 од нив или 22 пара ја одредуваат бојата на косата, очите, висината...Еден пар, односно два хромозоми, кои се нарекуваат X и Y хромозоми – го одредуваат полот: ХХ е комбинација за женски пол, а XY за машки пол. Јајце клетката секогаш има X хромозом, а сперматозоидот може да има X или Y хромозом.

Полот на детето се одредува во текот на оплодувањето. Ако јајце клетката ја оплоди сперматозоид со X хромозом – ќе добиете девојче, а ако сперматозоидот содржи Y хромозом – ќе родите момче. Полот на детето во потполност зависи од сперматозоидот кој ја оплодил јајце клетката.

- Семената течност се состои од мешавина на X и Y сперматозоиди – кои заради своите карактеристики се нарекуваат “постојани X” и “брзи Y”, а нивниот однос во семената течност е отприлика 50:50.

  • “Постојан X” – носител на женски пол

Х сперматозоидите се поголеми, побавни и живеат многу подолго. Поотпорни се на вагиналната флора и можат да преживеат од 5-6 дена.

  • “Брз Y” – носител на машки пол

Y сперматозоидите се помали, но имаат подолг опаш, кој ги прави побрзи и поподвижни. Меѓутоа не се отпорни и не можат да живеат долго, па во повеќето случаи умираат во рок од два дена.

Со оглед на воочените карактеристики на X и Y сперматозоидите, се развиле теории за тоа како можете да влијаете на зголемување на можностите да го добиете толку посакуваното девојче или момче. Но пред да почнете со примена на рецептот, треба да се нагласи дека е многу важно, всушност клучно, да се одреди точниот ден на овулација. Тоа може да се направи со еден од стандардните методи: мерење на базалната температура, или користење на разни помагала кои потврдуваат овулација.

 

Рецепт за девојчиња

Треба да имате сексуален однос три дена пред очекуваната овулација, како и да избегнувате сексуални односи еден – два дена пред очекуваната овулација. на тој начин единствен преживеан сперматозоид ќе биде постојаниот Х. Исто така, се советува да се обидете да го намалите бројот на сперматозоидите по природен пат, со зачестени сексуални односи.

Сексуална поза која се препорачува е мисионерската (жената долу, а мажот горе). На основа на опишаниот рецепт, шансите да добиете девојче се 75-80%, под услов точно да сте го одредиле денот на овулација.

 

Рецепт за момчиња

Би требало да имате сексуален однос 24 часа пред очекуваната овулација. Бидејќи Y сперматозоидите се побрзи и поподвижни, ќе стигнат до целта многу побрзо од Х сперматозоидите. Освен тоа, зголемете го бројот на сперматозоиди со тоа што неколку денови ќе апстинирате пред планираното зачнување. Но внимавајте! Предолгата апстиненција може да биде контрапродуктивна. Сексуална поза која се препорачува е кучешка поза. На основа на опишаниот рецепт шансите да добиете момче се 80-85% , под услов точно да сте го одредиле денот на овулација.

 

СРЕЌНО!!!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интраутерина инсеминација
Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...
3
Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
3
Седум начини за побрзо забременување
Сакате да забремените баш сега! Секако, оваа задача сакате да ја решите како и сите други задачи и работни обврски. Но,...
3
Што не знаевте за неплодноста?
Жените кои не можат да забременат поминуваат низ многу тежок период и постојано се преплавени со емоции, како што се оса...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?