|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Искуства (Прв дел)

Cryo Save, Bi-MEK, 4.5.2010
Искскуства на родители кои се решиле да зачуваат матични клетки за своето дете!

image
/11


1. Valentina Zago, Италија

 

 

По контактот со некои приватни банки и читањето на информациите, мојот конечен избор беше Cryo-Save.

Солидната основа на компанијата е гаранција дека сите други компании од оваа област не можат да и конкурираат, а ангажманот на банката во полето на истражувања е за восхит. Услугата беше извонредна, почнувајќи од поддршката за сите административни работи до транспортот на примерокот до лабораторија.

Навистина сум среќна со мојот избор. Се надевам дека многу други идни мајки ќе ја разгледаат можноста за зачувување на матични клетки од нивното новородено и нема да ја пропуштат единствената можност за зачувување на ова огромно богатство.

 

 2. Maria Heinzelmann, Германија

 

Пред раѓањето на нашето прво дете немав слушнато за можноста за зачувување на матични клетки од крв од папочна врвца - се додека еден пријател не ме праша дали би го направила тоа. Веднаш се консултирав со мојот гинеколог и тој подетално ми ја објасни процедурата. Откако прочитав информации од различни компании, го избрав Cryo-Save, бидејќи компанијата ми остави навистина добар впечаток и ми влеа чувство на сигурност. Добивме сет за колекција многу брзо, а исто така мојот доктор беше многу задоволен и пријатно изненаден од високиот квалитет на сетот и пропратната документација. Јас зачував матични клетки од моите три деца и од се срце го препорачувам Cryo-Save.

 

3.Janine Stieger-Langenegger, Швајцарија

 

Компетентната и пријателска услуга - без притисок врз нас за да купиме - и деталното објаснување на целиот процес, почнувајќи од собирањето на материјалот се до криопрезервацијата на матичните клетки, ни остави позитивен впечаток и чувство на сигурност за зачувување на матичните клетки од нашето дете со Cryo-Save. Навистина сме среќни дека доколку нешто се случи со нашата ќерка Мелинда, ние имаме зачувани нејзини матични клетки, кои се надеваме ќе помогнат во третирањето на било кое сериозно заболување.

4.Dani Eneva, Бугарија

Јас сум психолог и работам со деца кои имаат пречки во развојот како резултат на повреди на мозокот или невролошки заболувања. Се заинтересирав за објавените позитивни резултати од третманот со матични клетки. На тој начин дознав дека има голем број податоци за матичните клетки како алтернативна метода за третирање на деца и возрасни со одредени малигни крвни заболувања. Ние го одбравме Cryo-Save бидејќи тие се лидер на пазарот и работат на три континенти. Исто така, знаевме дека Cryo-Save е една од малкуте во оваа област, која земените примероци ги чува на две локации од безбедносни причини. Задоволни сме што инвестиравме во „здравствено осигурување“ и импресионирани сме од високото ниво на услуга која ја добивме во Cryo-Save Бугарија.                            

5.Madhulika Mohta, Oман

Ниедна мајка не сака нејзиното дете да биде сериозно болно, но понекогаш, за жал и тоа може да се случи. Кога прочитав за сите прекрасни достигнувања во полето на истражувањата со матични клетки, знаев дека чувањето на матични клетки е најдобрата осигурителна полиса која можеме да му ја дадеме на нашето бебе. Моето искуство со Cryo-Save беше одлично. Од координацијата со мојот гинеколог до информацијата кога сетот пристигнал во лабораторијата, Cryo-Save одлично си ја заврши својата задача. Ова беше особено важно, бидејќи јас не сум жител на Арабија и транспортот беше големо прашање.

6. Rachel Kahlon, Обединети Арапски Емирати

Ние не сме сигурни каде ќе не одведе технологијата и науката. Лично, мислата дека еден ден Софија може да се сврти и да не праша: ?Зошто Вие не зачувавте мои матични клетки?? беше пресудна да се одлучиме за постапката. Cryo-Save го направи зачувувањето неверојатно едноставно и нашиот гинеколог беше среќен да го направи тоа. Едноставно, немаше основана причина да не го направиме тоа. Се надеваме дека нема да ни требаат, но се чуствуваме сигурни што ги имаме зачувано.

 

Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете.

Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:  

  1. CryoCord: чување на матични клетки само од крвта на папочната врвца
  2. CryoCord+: чување на матични клетки од крвта и од ѕидот на папочната врвца

Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса.

Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
4
НЕ, за мобилниот во бременоста!
Спиете со мобилниот, а бремени сте? Се надеваме дека откакао ќе ја прочитате статијава, нештата ќе се променат...
4
Тања: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во „ние“ .
4
miana: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?