|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју: Билјана Дебарлиева

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Интервју со Билјана Дебарлиева, на сите добро позната ТВ водителка. Во еден пријатен разговор го напрвавиме ова интервју при што разговаравме значењето на семејствотото кое и покрај сите обврски, е нешто најмило, најважно, незаменливо.

image
/11


РР: Од моментот кога дознавте дека сте бремена со Ана, најверојатно многу работи во вашиот живот се променија, и приватно и професионално. Па еве да почнеме од тука. Каква беше првата бременост, подоцна и втората, дали качивте многу кг., кој одлучи како да се викаат децата?

Билјана: Со оглед на тоа дека бев прилично млада, имав 21 година, воопшто не се плашев од самото породување, бидејќи не се водев по ниту еден весник, списание, книга, ги оставив работите сами да си течат по некој нивен тек. Единствен проблем беа килограмите кои ги качив за време на првата бременост, 20 кг, но за среќа брзо ги симнав потоа. Имав лесно породување и со првата и со втората бремeност без некои потешкотии за 15- 20 минути. Првата бременост ми беше непланирана, а втората планирана по 10 години, кога решивме да го прошириме семејството.

Што се однесува до имињата штом дознавме дека сум бремена кажав дека ако биде женско ќе се вика Ана и не оставив можност никој тоа да ми го промени, а за Мики, инаку правилно му е Миле, крстен е по двајцата дедовци. Така се имавме договорено со сопругот.

РР: Како реагираше Ана кога и кажавте дека ќе имате бебе, сепак се работи за разлика од 10 години, дали кај неа се јави одредена љубомора, и дали големата разлика меѓу децата е предност или недостаток? Ваше размислување и вашето искуство.

Билјана: Па Ана беше возбудена, среќна поради новиот член во семејството, но сепак големата разлика има и свои предности, но и свои мани. Иако велат дека доколку првото ви е поголемо тоа веќе си има свое друштво, само си го распоредува времето, па нов член само ќе ви го разубави секојдневието, сметам дека има и некои мани. Мики е мал, сака постојано да биде покрај Ана, да си игра со неа, а таа веќе влегува во некои пубертетски години, сака да се тргне малку од него, да има своја приватност, па често пати знаат да се скараат, па и степаат, што е многу нормално и на тој начин како да ја искажуваат љубовта еден кон друг. Но кога ќе ги оставам сами јас знам дека Ана преубаво се грижи за него, дури во одредени моменти поубаво и од мене. Додека беше помал таа знаеше и да го нахрани, да го избања сама, да го преоблече, имав потполна доверба во неа и сами ги оставав уште од помали заедно.

РР: Дали планирате да имате уште деца?

Билјана: Еднаш како на шала (но во секоја шала има и вистина нели?) со маж ми разговаравме дека ако веќе планираме трето дете, сега е вистинскиот момент, бидејќи Мики во октомври ќе прави 5 години, а јас во декември 37, времето ни поминува. Но кога не слушна Ана изреагира малку со лут тон: “Па како уште едно дете, зошто... “ Таа е сега во тие години пубертетски, па си вика уште едно дете и што ќе правам јас. Сепак нејзиниот коментар не беше пресуден за ние да решиме дека тука застануваме. Би сакала, но веројатно не.

РР: Што значи да се биде родител, а воедно и успешен во својата кариера, што и колку се жртвува? Што е најважно за вас да ги научите своите деца?

Билјана: Многу часови, многу денови поминати без децата, но го прифатија тоа како нешто најнормално бидејќи штом сопругот, таткото тоа го прифатил, автоматски и тие го прифаќаат. Кога сум дома им надокнадувам на секаков можен начин. Да се биде родител е една одговорна улога, но сепак убава, благородна, незаменлива. Секој родител за своето дете е подготвен се да направи. Според мене не е важно колку време ќе поминете со децата, нека се тоа и два или три часа, но тоа време да биде максимално посветено на нив, убаво искористено со некоја игра, прошетка, купување на некоја интересна играчка, посети на игротеки... 

Она што секогаш сум се трудела е да ги научам да бидат културни и воспитани, да имаат почит кон семејството, но и кон другите луѓе во околината, бидејќи во последно време приметувам дека онаа нишка на почит како да се губи. Ние поинаку сме се однесувале кон родителите, а денешниве деца сосема на друг начин. Имаат некои свои погледи на реалноста. Сметам дека на секој родител токму ова е најтешката работа да ги научи. Треба да се истакнуваат позитивните работи, сега веќе отворено се зборува за се, и за сексот, и за дрогата и сите негативни работи кои доаѓаат со нив доколку не се доволно информирани. Според мене само преку отворен разговор, може да се оствари близина со своите деца. Доколку постојано сме со оној став, ова не смееш, она не смееш, во детето ќе се роди и некој инает токму тоа да го направи.

РР: Како дете секоја Лазарова сабота сте оделе во Велгошти, облечени во носија заедно со други дечиња сте оделе и пееле, а народот ви давал парички. Тоа е она што ве потсетува на Велигден. Бидејќи е тоа еден спомен, настан кој го одбележал вашето детство и останува во сеќавање, колку се трудите за нашите христијански празници да правите одредени ритуали и обичаи за да им ги пренесете на своите деца?

Билјана: Сега ме потсетивте на еден многу убав период од моето детство, кога со душа сум ја чекала таа Лазарова сабота за да одиме во Велгошти. Јас како девојче за сите распусти одев таму и поминував многу време. И тоа облекување во носијата, пеењето, застанувањето на автомобилите кои ни даваа парички е прекрасен обичај. На крај ги делевме паричките, кои не беа многу, но чувтсвото е незаменливо да се биде дел од тоа. Кога би имала можност токму на тој празник да одам во Велгошти, за и Ана и Мики да го видат овој обичај, би била пресреќна, но некако и самото време си го прави своето, обврските, па ги запоставуваме патувањата и средбите со роднините, посетите на родните места итн. Најчесто за Бадник, Божиќ обичајот со паричката го правиме, па за Велигден фарбањето на јајцата, кои заедно секоја година ги правам со помош на Ана, па Мики сака да ни се замеша и сето тоа преминува во една игра, ќе му дадеме неколку јајца, а тој на свој начин ќе си ги офарба... Тоа се обичаите кои најчесто ги правиме за нашите најголеми празници.

РР: Колку работата како водител на една емисија за деца и родители ви помага во одгледување и растење на вашите деца?

Билјана: Па, искрено многу ми помогна и тоа многу повеќе за Мики, бидејќи кога почнав во Бебе Магазин тој беше 1,5 година, а Ана беше веќе голема. Во емисијата ги поминавме сите можни теми, контакти со доктори од најразлични профили, но најмногу ми помагаа и ме интересираа темите кои беа поврзани со растењето и развојот на детето и најчесто поставував прашања како мајка која би се јавила во некоја емисија за да дознае нешто повеќе за она што ја интересира.

РР: Колку вашата популарност влијае на децата, семејствотото?

Билјана: Јас кога излегувам од Тв јас веќе не сум Билјана Дебарлиева, водителката, туку онаа другата, мајка, сопруга, па така и децата ги воспитав дека мојата работа е работа, а јас сум обична како и секој друг граѓанин на нашата Македонија.

РР: Имате успешен брак, која е вашата формула за тоа?

Билјана: Како и секој брак и нашиот имал и убави моменти и моменти кога малку повеќе ќе се скараме, но во тоа е убавината, па кој прв ќе попушти, па да се најде една средина, едно разбирање. Значи сега во октомври правиме 15 години откако сме во брак па можеби и ќе направиме некоја голема журка за да се потсетиме на деновите кога бевме млади.

РР: Еве на форумот имавме една тема која е многу диксутирана, па ајде и вашето мислење: Дали би простиле неверство?

Билјана: Ау, каква тема! Па не можам да одговорам дека би простила или не би простила, бидејќи не сум го почувствувала тоа на своја кожа. Можеби формулата што нашиот брак опстојува без некои поголеми проблеми е што нема љубомора меѓу нас. Имаме голема доверба еден во друг, си веруваме, немаме никакви ограничувања. Сепак, неверството не го оправдувам без разлика дали изневерила жената или мажот, но веројатно по една таква ситуација, во бракот ништо нема да биде исто. Или ќе биде подобро или ќе биде полошо.

РР: Што мислите за нашата рингераја, и дали би се вклучиле во одредени разговори со нас, бидејќи секој совет и мислење ни се добредојдени, а посебно од успешна жена како Вас?

Билјана: Рингераја е многу интересна и се надевам дека има голем интерес за неа. Навистина би сакала да имам повеќе време за да се дружам со сите кои го посетуваат форумот, да разменуваме искуства, но ќе морам да преговарам со маж ми и Ана да ми дозволат и јас да седам малку на компјутер.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
4
Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
4
Помеѓу...
Љубовна поезија
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?