Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Синдром на полицистични јајници
Што е тоа?
Хормонален дисбаланс кој предизвикува неправилни менструални периоди и растење на цисти околу јајниците, кои влијаат на овулацијата.
Славни личности кои страдаат:
Victoria Beckham, Emma Thompson, Jules Oliver, Kym Marsh.

Дијагноза:
Симптомите вклучуваат дебелеење, акни и невообичаена косматост. Комбинацијата на крвната слика ултразвучниот преглед и семејната анамнеза ја потврдуваат болеста.
Третман:
Слабеење – Одржување на БМИ меѓу 20 и 25. Ако тежината е во граници на нормала се користат лекови за да се потпомогне овулацијата. Ако не успее ниту тоа се применува интраутерина инсеминација или ин-витро.
Ендометриоза
Што е тоа?
Ендометриозата е болест, при која се случува ендометриумот (внатрешниот слој на матката) да почне да се шири и надвор од неа. Ендометриозата се приширува на површината на органите во малата карлица и стомакот.
Славни личности кои страдаат:
Padma Lakshmi, Emma Bunton, Anna Friel

Дијагноза:
Ако жената се жали на многу тешки и болни периоди, лекарите често се сомневаат во ендометриоза. Се дијагностицира со помош на скенер или вагинален телескоп.
Третман:
Лапароскопска операција за да се одстрани ендометријалното ткиво, прираслици, цисти, лузни ит.н. Најчесто ова не е траен лек, затоа што болеста може повторно да се врати. Кај некои жени зголемената плодност после оваа операција трае до 9 месеци.
Спонтан абортус
Што е тоа?
Губење на бебето пред 24 недела на бременост. Обично се случува бидејќи има нешто што е генетски погрешно во оплодената јајце клетка.
Славни личности кои страдаат:
Beyonce, Lily Allen, Courteney Cox.

Дијагноза:
Со помош на ултразвук се утврдува дали има срцев ритам кај бебето. Крварењето може да биде знак за спонтан абортус, но во отсуство на крварење е многу тешко да се дијагностицира. Обично се случува околу 6-8 недела од бременоста.
Третман:
Фетусот обично се исфрла спонтано. Ако тоа не е случај, може да се користат лекарства или да биде неопходна операција. Ризикот од спонтан абортус се зголемува со возраста на мајката.
Необјаснета неплодност
Што е тоа?
Се случува кај ¼ од паровите кои се обидуваат да добијат бебе. Тоа е неможност на жената да забремени по две години обидување, откако сите тестови дале нормален резултат. Обично се дијагностицира кај жени кои имаат над 38 години.
Славни личности кои страдаат:
Alex Kingston, Brenda Lee Strong.

Дијагноза:
Испитувањата вклучуваат спермограм, проверка на фалопиевата туба и скен на матката.
Третман:
Единствен активен третман е ИВФ. Нема смисла да се даваат лекови за предизвикување на овулација, ако сите тестови потврдиле дека жената нормално овулира.
Ектопична бременост
Што е тоа?
Оплодената јајце клетка се вгнездува надвор од матката, најчесто во еден од јајцеводите.
Славни личности кои страдаат:
Nicole Kidman, Suzi Perry, Sarah Brightman.

Дијагноза:
Ултразвучниот преглед на шест недели ќе покаже дали бебето се развива на правилно место или не. Ако ништо не се утврди со ултразвук, крварењето и силната болка може да бидат првите симптоми.
Третман:
Доколку се дијагностицира рано, може да се изврши операција. Доколку не се открие навреме, може да биде опасно по живот.
Прееклампсија
Што е тоа?
Исклучително висок крвен притисок, кој обично се развива по првите 12 недели од бременост. Тоа значи дека плацентата не е развиена правилно, па мајката не е во можност правилно да пумпа кислород и хранливи материи на бебето. Ако не се лекува и одржува во нормала може да биде опасно по животот на мајката и бебето.
Славни личности кои страдаат:
Sophie Ellis-Bextor, Angelina Jolie, Jennifer Lopez.

Дијагноза:
Симптомите вклучуваат висок крвен притисок, отоци во рацете, нозете и глуждовите, главоболки и протеини во урината.
Третман:
Хоспитализирање на мајката и држење на болеста под контрола.
21
4
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Да бидете сакани такви какви што сте
Има нешто што сите длабоко го посакуваме, а тоа е да бидеме сакани точ...
Дали технологијата нe зближува или нe оддалечува?
Дали технологијата навистина нe зближува, или пак полека нe оддалечува...
Големината на плодот во третата недела од бременостa
Моментот кога животот започнува да се развива иако невидливо за очите,...
Список за нарачки, што ви треба во бременоста?
Кога ќе дознаете дека сте бремени, првите работи што ќе ви паднат на у...
Научете нешто за вашиот циклус
Женското тело е неверојатно прецизен и чувствителен механизам. Менстру...