Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Кога се омажив за мојот сопруг пред 5 години никогаш не замислував дека нашата најголема борба ќе биде обидот да основаме семејство. Пред неколку години го добив одговорот. Мене ми беше дијагностициран Синдром на полицистични јајници и ми кажаа дека без лекарства никогаш нема да можам да бидам во овулација.
Се сеќавам на мојот прв состанок со мојот сегашен специјалист за неплодност. Таа ми вети дека ќе ми помогне да забременам. Една од рундите на вештачкото оплодување беше успешна, но за жал, рано ја изгубивме таа бременост.
По уште неколку неуспешни рунди, мојот доктор ми предложи нова опција (Invocell). Ние (јас, мојот сопруг, целиот оддел за неплодност) повторно добивме надеж, но 5 дена откако оплодивме 21 јајце клетка, докторот излезе од лабораторијата плачејќи. Знаев дека немавме ни еден ембрион. Но, никогаш не се откажавме. По последните две неуспешни ин витро постапки, ембриологот ни подари интрацитоплазматска инјекција на сперматозоид и ние бевме благословени што добивме три ембриони. Беше долг и болен пат, но ние сме многу возбудени што конечно можеме да објавиме дека нашето бебе-чудо е на пат!
5 години
2 специјалисти
Илјадници таблети
Стотици инјекции
Десетици илјади долари
Многу неуспешни обиди
Безброј солзи
1 рунда Invocell
1 великодушен ембриолог
36 јајце клетки
3 ембриони
1 загуба
5 години молитви
5 години надеж
5 години верба
1 прекрасно срцево биење
Со многу љубов и малку наука, добивме одговор на нашите молитви и среќни сме што можеме да најавиме дека нашето бебе ќе ни се придружи во семејството во мај 2018 година.


3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да препознаете дека некој навистина ве сака?
Љубовта не се препознава само по убавите зборови, романтичните пораки ...
Зошто забременувањето понекогаш трае подолго?
Многу парови очекуваат бременоста да се случи веднаш штом ќе почнат да...
Дали кашлицата е болест или симптом?
Кашлицата е еден од најчестите здравствени симптоми кај децата и возра...
Тајните на нашиот код. Што се ДНК, хромозоми и гени?
Дали некогаш сте се запрашале како бебето ги наследува бојата на очите...
Дали често се лутите и навредувате?
Лутината е природна емоција што сите ја чувствуваме. Но, кога често се...