Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Излегува сепак, дека тоа може да биде не само нездрава храна која ги загубила корисните својства, но дури и токсична! Видете која храна не треба да ја подгревате:
1. Компири
Тие ги губат корисните состојки при загревањето. Дури и да ги оставите на собна температура подолго време, може да станат токсични и да предизвикаат мачнина и труење при консумирање.
2. Ориз
Оризот има спори кои можат да се претворат во бактерии кои остануваат активни дури и по термичката обработка. Кога оризот ќе остане на топло долго време откако бил зготвен, има голема веројатност да формира токсини кои предизвикуваат повраќање и дијареа.
3. Јајца
Тие се богати со протеини, тие се корисни, но треба да се консумираат ограничено и по можност веднаш по нивната подготовка. Ако се претоплат формираат токсини кои предизвикуваат штети на дигестивниот систем.
4. Пилешко
Пилешкото е исто така богато со протеини и се претвора во штетна храна при подгревањето која го напаѓа дигестивниот систем. Ако сакате да консумирате веќе зготвено пилешко, подобро јадете го ладно во салата.
5. Спанаќ
Како и сите други зелени зеленчуци, спанаќот е богат со железо и нитрати. Кога ќе се претоплят, овие нитрати можат да се претворат во нитрити и други познати канцерогени (материи кои можат да предизвикаат рак во живото ткиво).
6. Масло
Маслото од гроздови семки, ореово масло, масло од авокадо, лешниково масло и лененото масло, сите имаат многу ниска точка на вриење. Затоа, кога ги подгревате, тие горат. Значи, не ги користете за готвење, печење или пржење, туку за додавање на крај.
7. Репка
Репката најчесто се користи за салати и супи. Таа исто така содржи нитрати, кои при подгревањето стануваат токсични.
8. Печурки
Печурките се богати со протеини и треба да се консумираат во ист ден, во кој се подготвуваат. При подгревање нивната структура се менува и стануваат штетни за организмот.
9. Цвекло
Цвеклото е исто како спанаќот – многу нитрати, не треба да се подгрева.
10. Целер
Целерот има висока содржина на нитрати и на тој начин таа може да стане токсична, ако ја подгревате. Нитратите се претвораат во нитрити и го зголемуваат ризикот од метхемоглобинемија. Тоа е состојба во која нитритите во крвта комуницира со хемоглобинот и железото во неа, што ги прави неспособни да пренесуваат кислород до вашите живи клетки. Компликациите можат да вклучуваат несвестица или дури и смрт.
7
5
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...