Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Фотографката од Тексас Leilani Rogers неодамна сподели прекрасна фотосесија на Фејсбук, која ја прикажува мајката Kim Overton како во солзи го дочекува на свет својот син Оливер. Синот на Ким беше донесен на свет од ќерката на нејзината братучеда Синди, која доброволно се понуди да биде сурогат мајка, откако слушна дека Ким има фибридни тумори и не може да забремени.
Во емоционалниот пост на нејзиниот блог, Овертон објаснува дека и биле дијагностицирани фибридни тумори во 2005 година, кога имала 34 години. Докторите ја советувале да роди дете што побрзо. Околу 35 роденден и биле отстранети 11 тумори од ѕидот на материцата и започнала да се обидува да има дете.
Овертон го родила својот прв син на 39 години и се обидела да забремени повторно неколку години подоцна. Нејзините шанси за забременување биле многу мали. Овертон напиша:
"Водејќи емоционален разговор со мојата братучетка за искуството со неплодноста и кажав дека се што ми треба е нова материца. Двете се смеевме...но тогаш започнавме разговор за нејзината 26 годишна прекрасна ќерка, која е мајка на две деца. Не знам како точно мојата братучедка и рекла на ќерка и, но подоцна таа ноќ Сидни, како ангел, ми се јави и ми рече дека ќе биде пресреќна ако може да помогне. Ми се понуди да биде сурогат мајка."
Секое раѓање е чудо, но за луѓето како Овертон, кои толку долго се бореле за дете, среќата е непроценлива. Во овој случај, емоциите се испишани преку целото лице на Ким и се прекрасен потсетник дека постојат милиони начини да се стане родител, но љубовта и радоста која ја чувствуваме кога за прв пат ќе го видиме своето дете е иста и непроценлива.
Погледнете ги фотографиите во галеријата.
5
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како да препознаете дека некој навистина ве сака?
Љубовта не се препознава само по убавите зборови, романтичните пораки ...
Зошто забременувањето понекогаш трае подолго?
Многу парови очекуваат бременоста да се случи веднаш штом ќе почнат да...
Дали кашлицата е болест или симптом?
Кашлицата е еден од најчестите здравствени симптоми кај децата и возра...
Тајните на нашиот код. Што се ДНК, хромозоми и гени?
Дали некогаш сте се запрашале како бебето ги наследува бојата на очите...
Дали често се лутите и навредувате?
Лутината е природна емоција што сите ја чувствуваме. Но, кога често се...