namesp во 10:10
Ендометриоза – болест кај жените
Helena Mlakar, 25.3.2011
Ендометриоза е болест при која нормалното ткиво кое расте во внатрешниот слој на матката расте надвор од празнината на матката. Лесно може да се вовлече во абдоминалната празнина, мочниот меур, и многу често се појавува на јајниците. Ова може да доведе до сериозни здравствени проблеми и неплодност, бидејќи оваа болест најчесто се јавува кај жените во плодните години. Кај една десеттина од жените, болеста е придружена со силна болка. Според некои процени се јавува кај секоја втора жена, што е и причина за болна менструација.
Причина за појавување
Болеста ја поттикнува хормонот естроген, кој е неопходен за раст на ендометриумот. Причината за настанување сеуште е непозната, а претпоставките се вртат околу три теории. Првата претпоставка е за ретроградна менструација. Менструалната крв преку јајцеводите се излачува во абдоминалната празнина. Се јавува кај голем број жени, но сеуште не е познато зошто само кај некои жени доаѓа до појава на ендометриоза. Имунолошкиот систем обично сам ги отстранува остатоците од крв, но некаде тие остатоци на крв се задржуваат и се всадуваат, па започнуваат да растат и на тој начин се создава ендометриозата.
Другата теорија е дека клетките метастазираат. Ова го појаснува феноменот ендометриоза. Затоа знае да се појави и на белите дробови или лактите.
Последната теорија вели дека перитонеумот на одредени сигнали може да се претвори во ткиво, слично на матката.
Оваа болест е наследна и се почеста денес, затоа што се помал е бројот на бремени жени, или тоа се случува во подоцнежните години со што е помал и прекинот на менструалниот циклус.
Симптоми
Најчест симптом е болката. Таа се јавува кај 80 % од жените. Болката се јавува пред менструалниот циклус, продолжува и кулминацијата ја достигнува за време на циклусот. Болката често е ограничена на точно одредени места , а кај некои жени може да биде и генерализирана , со тоа што боли целиот стомак. Менструациите често се нередовни или попратени со силни болки.
Приближно кај 40% од жените болка се појавува и за време на самиот полов однос.
Чест симптом кој укажува на оваа болест е и неплодноста. Кај 30 % од жените кои имаат проблеми со плодноста, причина е ендометриозата.
Болеста кај некои жени во телото резултира и со растење на самите органи, менувајќи ја нивната функција. Оваа болест доста успешно се отстранува со хируршки зафат, и кај поголемиот број на жени каде што со операција е решен овој проблем , успешно и за кратко време од година или две може да доведе до бременост.
Дијагноза
Единствена метода за откривање на ендометриозата е лапароскопија. Со оваа метода може да се види бројот и локацијата на промените.
Болеста исто така може во целост да се разоткрие и со помош на ултразвук, КТ или магнетна резонанца.
Терапија
Врз развојот на заздравување од оваа болест многу влијае мајчинството и менопаузата. Како оваа болест успешно да се излечи, до ден денес ,во целост сеуште не е откриено. Некогаш за целосно лечење се вршел хируршки зафат на отстранување на матката и јајниците. Но и тоа не е гаранција дека болеста нема повторно да се појави. Денес со помош на лапароскопија прецизно може да се лоцира жариштето, со што при операцијата целосно ќе се заштити органот и неговата функција. Често се користи и конзервативниот начин на лекување со ублажување на болката и неплодноста.
Жените кои имаат ендометриоза мора да се третираат за да се надмине неплодноста, а со лапароскопското отстранување на поблагите форми на болеста до 50 % се зголемува веројатноста за бременост.
Најдобра терапија против оваа болест е бременоста, во тие ситуации ендометриозата во најголемиот број на случаи се уништува и исчезнува.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...

Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...

Ви ја претставуваме македонската мобилна апликација за следење на месечен циклус – Caffetin Menstrual
