Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
За сите девојки и жени кои се обидуваат да зачнат
Замисли го патот до мене како пат кој сама го трасираш. Оставам на тебе да избереш сама дали твојот пат ќе биде прав, полн со кривини, пат кој може да се оди прекутрупа, заобиколен пат, или мало, тесно сокаче. Од тебе зависи дали патот ќе го завршиш во слепо ќоше, во амбис, или возвишено ќе стигнеш до целта. Од тебе ќе зависи дали по патот ќе одиш со цврст од, исправена глава и полна со непокор, дали ќе се влечкаш, откажуваш и враќаш назад, дали ќе носиш бастун, или патот ќе го изодиш без ничија помош...
Едно знај...
На тој пат ќе ти се сменат неколку годишни времиња. Некогаш ќе истура дожд како поројни солзи, некогаш ќе капне капка за да ја излади твојата од сонце вжештена глава, ќе биде ладно, ветровито...Понекогаш мраз ќе ти го замрзне срцето, рацете ќе ти се здрват од студ, сињак ќе ти се нафати на лицето опфатено од тага.... Тука ќе биде и топлото сонце да те згрее, да ти ја стопли и наполни душата со надеж, да ти вети светли денови и топли, магични утра.
Околу тебе ќе се менуваат плодородни полиња, од пожар изгорени шуми, раззеленети дрвја, жуборливи реки и празни речни корита.
Сама избираш дали долго ќе чекориш низ црна темнина, дали патот ќе го врвиш кога силно ќе блесне ден, дали ќе застануваш да одмориш или нема да дозволиш ништо да те сопре. Од тебе зависи дали ќе бидеш полна со елан или скрб, со песна или ридание, со жал или радост преголема...
Пред да се откажеш, скршена од болката на нозете натечени, рацете полни со песји нокти и плускавци, пред да дозволиш да те скрши душевната болка и крвавата лузна на срцето, која како сол ставена на рана пече, пред да се разочараш во самата себе,
сети се
ЕДНО БЕБЕ МИСЛИ НА ТЕБЕ!
Ќе сретнеш луѓе кои ќе те охрабруваат, ќе те тешат, ќе ти помогнат и изодат со тебе по некој чекор. Ќе сретнеш луѓе кои ќе те колебаат, тераат да размислуваш дека се' е црно и дека крај на патот не постои... Ќе сретнеш луѓе кои ќе ти подадат рака, луѓе кои ќе те вратат чекор назад, луѓе кои ќе ти завидуваат, кои ќе те мотивираат, кои ќе ти прават сопки и луѓе кои ќе те опсипат со нежност и љубов.
Ќе видиш жени кои поминуваат со возило по истиот пат, жени паднати во амбис заради што потклекнале, ќе видиш нечии коски на патот по кој чекориш и жени вознесени од радост заради сопствениот успех... Земи по парче искуство од секоја, по капка солза од некоја и од сите земи ја храброста, истрајноста и волјата. Стави ги во џеб нивните животни приказни и продолжи напред, бидејќи и ти имаш своја.
Исплачи се на нечие рамо, пушти солза во некој длабок вир да не види никој, седни под некоја широка крошна и здивни...сети се на тие што успеале – за да се издигнеш себе
и знај
ЕДНО БЕБЕ МИСЛИ НА ТЕБЕ!
Не грижи се, да ме изгубиш нема!
Јас сум во тебе, покрај тебе и со тебе, живеам во секоја клетка од твоето тело, дишам со секој твој здив, растам со секоја твоја позитивна мисла и гинам пополека од секоја болка, од секоја солза, од секоја твоја длабока воздишка.
Не грижи се, да ме изгубиш нема!
Јас сум тука, со тебе, во тебе и покрај тебе, треба само да ме најдеш, да го расчистиш трњето и мракот на патот кој води до мене.
И не мисли на тоа дали ќе бидам плаво или црно, од кого ќе ја наследам бојата на очите, ќудта и каква судбина низ животот ќе ме следи...За тоа ќе се погрижи некој друг, кој конците на генетскиот инжинеринг ги плете. Ти не си Бог, туку нешто друго, по силата на моќта рамно на него – Ти си мајка која ја има милоста да создава и раѓа, да расне и издигнува, која умее да даде се' за душата на својата душа, мајка која знае за плач и смеа,
бидејќи
ЕДНО БЕБЕ МИСЛИ НА НЕА!
И кога за прв пат во прегратка ќе ти се стопам, кога ќе се хранам од твоето тело и дишам посигурно со секој твој здив, ќе знаеш дека вредеше секој чекор, секоја капка солза и пот, секое искачување по јажето наречено надеж, секоја насмевка кога срцето ти крвари од болка. Тогаш сите таги во радост ќе се сплотат и на сета болка ќе и ставиш крај!
И знај...
Ќе успееш ако не мислиш на себе, туку на бебето кое мисли на тебе...
Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува... Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја |
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Што ве чека во првите три месеци од бременоста?
Доаѓањето на бебето комплетно ќе го промени вашиот начин на размислува...
7 совети за подобро да спиете додека сте бремени
Спиењето не е лесно кога имате трудничко стомаче. Еве 7 совети што мож...
Колку сон им треба на бебињата? Табела за родители
На бебињата им треба многу сон, но колку точно на секоја возраст? Овој...
Нормално, разбираме „рамни стапала“ како намалување на висината на над...
Искривените заби кај децата и кај возрасните се честа појава која може...
Дали ви се менструации болни?
пеперутка16
Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.