Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Може ли одложувањето на бременоста до средината на триесеттите години да биде погубно за вашата плодност, зачнување и бременост, се прашува Др. Оз во епизодата “Кога сте престари за бременост?” и објаснува дека според истражувањата во статистиката, биологијата смета дека може.
Во САД една од пет жени ја одложува бременоста до после 35-та година, а во последните 15 години бројот на бремености после 40-та година бележи пораст за 50%. Многу познати личности од светот на филмот и музиката како што се Nicole Kidman, Salma Hayek, Juliane Moore, Brooke Shields и Halle Berry, родиле по 40-та година, а некои од нив и во подоцнежните 40 години. Меѓутоа, доцната бременост носи поголем ризик за спонтан абортус и поголем ризик по здравјето на мајката и детето.
Др.Оз го поставува прашањето: Дали е можно дека жените кои се воспитувани дека можат да постигнат се што сакаат, всушност не можат? Дали сме во одредена возраст навистина престари за раѓање?
Jennifer Lahl, оснивач и Претседател на Центарот за биоетика и култура, тврди дека природата не ја одредила без причина возрасната граница до која се жените плодни.
Др.Оз ги предупредува жените дека иако се сметаатза младолики и во добра форма и не чувствуваат дека стареат, нивното тело сепак старее. Гинеколозите тврдат дека во дваесеттите години жените имаат 50% шанси да забременат, во триесеттите околу 20% шанси, додека во 40-те имаат само 5% шанси за зачнат по природен пат.
Жените се раѓаат со околу 2-3 милиони јајце клетки во секој јајник, а до пубертетот ќе изгубат околу 300,000, што е голем број на преостанати јајце клетки. Но, додека да наполнат 30 години, ќе изгубат околу 88% од вкупниот број на јајце-клетки, со кои тешко се остварува бременост.
Гинекологот Др. Ulla Marton објасни што се случува во телото на жената во текот на четириесеттите.
“Со влегувањето во 40-те, моќта на оплодување на жената бележи драматично опаѓање. Во идеални околности се оплодуваат околу 30% од јајце клетките, во 25% не е можно соодветно производство на јајце клетки и исто во 25% причина за неплодност е неадекватниот транспортен простор кај жените, а тоа се оштетени јајцеводи, неповолна реакција на слузницата на материцата на хормонските сигнали.”
Др.Оз ги предупредува жените дека биолошкиот часовник е исклучително реален и не смее да се игнорира, посебно ако еден ден сакате да имате деца.
8
6
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Хормонални промени и задржување течности во бременоста
Бременоста е период на интензивни хормонални промени кои влијаат на ре...
Училиште и пријателства, темел на здрав детски развој
Детството е период кога се поставуваат темелите за изградба на личност...
Тајната на послушните деца не е во казните
Многу родители се прашуваат како да ги воспитуваат децата така што тие...
Улогата на семејството во воспитувањето на децата
Семејството е првата и најважна средина во која детето учи како да го ...
Како да го разбереме тинејџерот? Мост наместо ѕид
Тинејџерските години се дел од животот на секој поединец и не се само ...
Дете.
пеперутка16
Дали некогаш ви се случило возрасен, близок или не, да го удри вашето дете во ваше присуство и како реагиравте?