|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14 - 18.04.2014) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

До рамен стомак за седум дена

Автор: Редакција Рингераја | 7.5.2012
image

Летото е пред нас, а со него и одењето на езеро, море и базен, а Вие имате масни наслаги на стомакот? Доколку немате многу, првите резултати можат да бидат видливи за седум дена, со правилен режим на исхрана

 

 

Доколку сакате сериозно да се посветите на губењето на масните наслаги, морате цврсто да се држите до планот за вежбање и исхрана. Со зголемување на физичката активност и добар кардио тренинг, добри вежби и помалку јагленихидрати во исхраната, првите резултати ќе ги имате за месец дена.

 

Намалете го стресот

За настанување на стресот главен виновник е хормонот кортизол кој го зголемува апетитот и заради тоа маснотиите се насобираат околу струкот и на стомакот. Иако кажуваат дека јогата е добра за стресот, таа бара силна концентрација и силен интелект, така што не може да се каже дека јогата го намалува стресот. Јогата е начин на живот и животна филозофија, а не само обична вежба. Некому, во исфрлање на стресот како терапија ќе му биде кардио-боксот, но се' зависи од индивидуата.

 

Исфрлете ги лошите навики

Здравиот начин на живот е многу важен за виткиот изглед. Ако не успеете потполно да ги исфрлите лошите навики, барем потрудете се да ги намалите  на минимум, како пушењето и консумирањето на алкохол.

 

Правилно држење

Своето држење ќе го подобрите доколку го држите грбот исправен додека седите. Додека Ви е кичмата исправена и стомакот ќе Ви изгледа порамен, а Вие ќе имате поголема самодоверба.

 

Течности

За поздраво и побрзо слабеење потребно е да се пие повеќе обична вода за организмот да може да се прочисти од токсините. Сепак не треба да претерувате. Едноставно водете грижа за тоа да не бидете долго време жедни ни во текот на денот, ни заа време на тренингот. Незасладените чаеви и свежо цедените сокови исто така се сметаат во течности.

 

Корегирајте ја исхраната

Доколку го намалите внесувањето на јагленохидрати, сте го намалите внесот на калории и шеќери кои се претвораат во масни наслаги. Потребно е да ја исфрлите брзата и масна храна и да го зголемите консумирањето на свежо овошје, варен зеленчук и храна богата со влакна. Храната која е сиромашна со растителни влакна е една од причините за дебелеење.

Секојдневно внесувајте житарици со јогурт или млеко со намалена количина на масти и пијте што повеќе вода и незасладени чаеви.

Во текот на денот би требало да имате 5 оброци: појадок, ужина, ручек, уште една ужина и вечера. Иако 5-те оброци Ви звучат многу важно е дека ќе јадете почесто, а помалку, за да го спречите прејадувањето на крајот од денот, а така ќе имате и пов еќе енергија за напорниот ден.

 

Телесни вежби

Кога имате за цел да го изгубите салото тогаш е подобро прво да правите телесни, па потоа кардио вожби. Во телесни вежби спаѓаат стомачни вежби и склекови. Сите видови на стомачни вежби ќе Ви помогнат во зацврстување на стомачните мускули. Класичните стомачни мускули се прават на следен начин: фиксирајте ги стопалата под некој цврст предмет, легнете на под и подигнувајте го горниот дел од телото со рацете над главата. За дополнителен ефект задржете се  на агол од 45 степени барем три секунди. направете три серии по 12 стомачни вежби.

 

Кардио тренинг

Стомачните вежби не се доволни за рамен стомак, туку морате да ги комбинирате со кардио-вежби. Тие ја подобруваат циркулацијата и треба да се прават два – три пати неделно, по еден час. Кардио – тренингот вклучува  трчање, брзо одење или пливање.

Како замена за кардио – тренинг може да Ви послужи и помала столица или некој цврст и стабилен предмет на кој може да се качувате до 60 сантиметри. Континуирано качувајте се наизменично со едната па со другата нога. Вежбајте од 15 – 60 минути.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Pavel ili Mihail
Sandric

Koe ime poveke vi se dopaga?

Pavel (33%)

Mihail (67%)


Број на сите гласови: 102

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!