|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Кога станува збор за детските седишта во автомобил, однесувањето и ставовите на различни родители, а оттука и на децата е сосема различно
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Додека некои деца просто уживаат во своето детско седиште за автомобил, користејќи ја можноста со љубопитен поглед да ја истражат околината низ прозорецот, има деца кои уште на само споменување почнуваат да врескаат, а ако случајно се обидете да ги седнете се вкочануваат до таа мера што имате чувство дека ќе мора да ги „скршите“ за да седнат.

 

Овие првите се веројатно поретки, а вторите најчесто ќе ги видите на предното седиште во скутот на нивната мајка, застанати одзади со лицето пикнато меѓу двете седишта за подобро да гледаат напред, качени на задното седиште за да гледаат низ задното ветробранско стакло...но никогаш врзани и соодветно заштитени!

 

Иако секој родител, ама баш секој, прави најдобро што може, детскиот темперамент понекогаш може да биде оправдување, исто како кратките градски релации на кои најверојатно нема ништо да се случи...

 

А сообраќајните незгоди секогаш им се случуваат на други, нели?!

 

За сите оние родители кои сеуште понекогаш знаат да отстапат од своите убедувања, еве малку статистика зошто детското седиште за во автомобил е прашање околу кое нема попуштање и преговарање.

 

Тип на заштита

Ризик од повреди

Намалување на шансите за повреди во %

95% интервал на доверба

Бебешко седиште свртено нанапред за возраст од 0-4 години

-50

(-70;-30)

Бебешко седиште свртено наназад за возраст од 0-4 години

-80

(-90;-70)

Заштита само на безбедносен појас за возраст од 0-4 години

-32

(-35;-29)

Бустер детско седиште со користење на безбедносен појас за возраст од 5-9 години

-52

(-69;-27)

Заштита само со безбедносен појас за возраст од 5-9 години

-19

(-29;-7)

Извор: The handbook of road safety measures

 

Кога автомобилот ќе удри во друг автомобил (или било каков објект), тој нагло запира како резултат на ударот, но патниците во него продолжуваат да се движат со силата на инерцијата, при што, инерцијата на автомобилот и онаа на патниците се апсолутно независни. Ударот ќе придонесе автомобилот нагло да запре, но брзина на патниците ќе остане иста. Како резултат на таквата брзина, патниците удираат во шофершајбната, воланот, па дури може и да бидат исфрлени надвор од возилото. Сигурносните ремени, кај возрасните ги намалуваат шансите за избегнување на смрт или сериозна повреда во сообраќајна несреќа до 50%. Но, кај децата, бидејќи сигурносните ремени не соодветствуваат со нивната тежина и висина, неопходно е  како дополнителна заштита да се користат специјални детски седишта за во автомобил.

 

Иако со домашната легислатива за безбедност во сообраќајот, користењето на детските седишта за во автомобил не е задолжително, сепак погрижете се да го заштитите вашето дете, па изберете и користете соодветно детско седиште за во автомобил.

 

Еве  како е регулирана безбедносната заштита на децата во автомобил во државите во кои најчесто патуваме:

 

Држава:

Употреба на детски седишта:

Србија

Задолжително за деца до 3 години.

Деца од 3 до 12 години не смеат да се возат на предно седиште.

Црна Гора

Не е задолжително.

Деца под 12 години не смеат да се возат на предно седиште.

Хрватска

Задолжително за деца до 2 години на предно седиште во детски седишта соодветни според нивната возраст.

Деца до 12 години не смеат да се возат на предни седишта.

Од 2 до 5 години во соодветни безбедносни уреди на задно седиште.

Од 5 до 12 години соодветни ремени на задни седишта.

Бугарија

Задолжително за деца до 3 години.

Деца над 3 години и пониски од 1,50 м можат да се возат на задно седиште без детско седиште.

Албанија

Задолжително за деца под 12 години на предно седиште и за деца под 4 години на задно седиште. 

Грција

Задолжително за деца до 3 години.

Деца над 3 години, а пониски од 1,50 м не смеат да се возат на предно седиште.

Деца постари од 12 години и повисоки од 1,35 можат да користат ремени за возрасни.

 

 

Главен фактор при изборот на детско седиште за во автомобил е тежината и возраста на детето.

 

Група

Возраст

Опис

Забелешка

0

1 година

За деца со помалку од 10 кг

Бебешко седиште свртено наназад е најдобра заштита за бебиња до 1 година и максимум 13 кг. Најбезбедно место за бебињата е задното седиште.

0+

За деца со помалку од 13 кг

I

1-4 години

За деца од 9-18 кг

Најдобриот систем на заштита на пат за деца до 18 кг е безбедносното детско седиште за во автомобил.

II

4-6 години

За деца од 15-25 кг

Бустер седиштата се седишта кои го подигнуваат детето со цел да може да се врзе соодветно со безбедносниот појас од самиот автомобил.

III

6-11 години

За деца од 22-36 кг

Се препорачуваат бустер седишта без потпирач, кои го подигнуваат детето при што ќе можат да го користат безбедносниот ремен од автомобилот. Доколку детето тежи повеќе од 36 кг, но не е повисоко од 135 см, треба да продолжат да се возат во бустер седишта. 

 

Веруваме дека безбедноста на децата во сообраќајот зависи единствено од возрасните, па затоа следниот пат не отстапувајте од своето. А за реакцијата на вашето дете на детското седиште за во автомобил, не грижете се... Ова е едно од оние прашања на кои без грижа на совест можете да кажете „Детско седиште, затоа што јас реков дека мора!“

 

Потсетување до сите родители, дека АМСМ доделува бесплатни АМСМ БЕБЕ ВО АВТОМОБИЛ налепници, кои се лепат на задното ветробранско стакло од автомобилот. 

 

Извор: АМСМ

Посветено на уморните мајки
Минатата ноќ моето 4-годишно дете одлучи да спие со мене. Тој спиеше неверојатно. Јас не спиев. Да спиеш покрај четири г...
16
Децата кои имаат милениче имаат помалку стрес
Човековиот најдобар пријател може да биде и најдобар пријател на децата, во текот на нивниот развој. Истражувањето објав...
4
Сладолед – голем предизвик за детето!
Иако родителите секое лето грижливо проценуваат колку сладолед смее да изеде нивното дете, следната статија ќе разбие мн...
4
Табела за раст на деца
Постои табела која може да ви помогне да утврдите дали детето нормално расте и се развива според тоа на која возраст е в...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Државно или приватно
mami

Да имате услови да бирате би се одлучиле за :

државна пракса (21%)

приватна пракса (79%)


Број на сите гласови: 14

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!