|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Детски хороскоп: Дете Вага

Редакција Рингераја, 28.8.2014
Слатки, тврдоглави, комуникативни...како да ги одгледувате децата родени во знакот на Вага?

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Хороскопскиот знак во голема мера го одредува начинот на однесување на детето и тоа од неговото раѓање се до поголема возраст.

 

(0-2 години)

Симпатичноста на бебето Вага е карактеристика која сигурно ќе биде изразена и која сите ќе ја забележуваат. Тие имаат поглед и насмевка која освојува. Делуваат како да се создадени за љубов, за галење и разубавување на секоја ситуација во која се наоѓаат. Она што е помалку познато е дека Вагата е кардинален знак, дека тоа е единствен предмет во хороскопот и тоа железен.

Бидејќи станува збор за есенски знак, овие деца се многу зиморливи. Ја сакаат топлината на облеката, која треба да биде мека и миризлива. Малите Ваги обично имаат добра меморија и многу добро ги забележуваат познатите работи. Музиката ги смирува, но нивната рафинираност и чувствителност бара мила, класична, детска, бајковита музика за сонување, а не бучни реклами или музика од телевизорот. Овие мали деца се визуелисти, па ќе им годи учењето на бои низ слики од омилените бајки. По малку потсетуваат на “Принцезата на зрно грашок”, бидејќи ќе сакаат беспрекорна облека и ќе делуваат префинето на возраст од две години. Ослободете се од нервозата во нивно присуство, бидејќи како да имаат детектор. Ќе ја почувствуваат и сами ќе станат нервозни. Покажете воодушевување кога нешто успешно ќе совладаат, за да не станат премногу самокритични и нервозни.

 

(2-4 години)

Не треба да заборавите дека Сатурн егзистира во знакот на Вага, па можете да бидете изненадени од малиот мудрец, кој многу зрело ги совладува работите баш на оваа возраст. Овие деца обожаваат да сликаат, да глумат и да пеат. Можат да бидат ѕвезди на приредбите во градинка.

Обожаваат убаво сервирана храна и убави манири во текот на јадењето. Учете ги на бон-тон додека јадат и ќе бидете изненадени колку тоа им годи. Ретко се љубители на колективен спорт и многу трчање, додека гимнастика, уметничко лизгање, играње, фолклор..можат да бидат вистински избор за нив. Со задоволство ќе одат на родендените на своите другари, сакаат да се дружат и не поднесуваат самотија.

 

(4-6 години)

Малата Вага во овој период е многу комуникативна и е сака да разговара со своите родители за секоја тема. Никогаш не покажувајте дека ви е досадно или дека вашето дете има погрешно мислење за нешто – ќе биде многу навредено. Овие деца делуваат многу оптимистички, што во поголем дел и се, но се склони кон тагување и се ранливи кога ќе почувствуваат неразбирање и нетрпение.  Ако вашето дете со часови ви ја раскажува секоја ситница од училиште, или за своите мечти, знак е дека има голема доверба во вас.

Малите припадници на овој знак може да бидат хировити кога е дневниот ритам во прашање. На пример, ќе одбиваат да одат на спиење, бидејќи го гледаат омилениот цртан филм.. За да не бидат разгалени, раскажете им дека ќе бидат нарушени нивното здравје и убавина, ако не се одмораат доволно. На изглед се многу чувствителни, сакаат да им се допаднат на другите. Затоа аргументот убавина ќе биде најважен.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Божиќна реклама која ќе ги замисли сите ро...
Божиќ е совршено време да сфатиме што е навистина важно, што не е и што секогаш може да почека. Тоа е, исто така, најваж...
4
Како да реагирате кога вашето дете си игра...
Играњето со храната е дел од детскиот развој. Наместо казна, еве како да го искористите тоа како можност за учење.
3
Двојазичноста во развојот на говорно–јазич...
Постојат многу истражувања за влијанието на двојазичноста во развојот на јазикот. Она што тие истражувањата го заклу...
3
Криви заби кај децата
Искривените заби кај децата и кај возрасните се честа појава која може да доведе до разни проблеми со оралното здравје. ...
3




Анкета

ТЕЛЕВИЗИЈА.
пеперутка16

Колку време вашето дете гледа телевизија дневно?

Не гледа/Премал е. (0%)

До 30 мин. (100%)

1-2 ч. (0%)

Повеќе од 2 часа. (0%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!