|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Детски хороскоп: Дете Девица

Редакција Рингераја, 4.9.2014
Внимателни, вредни, педантни...како да ги одгледувате децата родени во знакот на Девица?

image
/11


 

Хороскопскиот знак во голема мера го одредува начинот на однесување на детето и тоа од неговото раѓање се до поголема возраст.

(0-2 години)

Бебињата родени во знакот на Девица, најмногу ќе ги смири миризлива купка и чиста, удобна облека. Овие бебиња најтешко поднесуваат да не бидат долго време пресоблечени.

Со оглед на тоа дека овие деца можат да бидат склони кон нервоза, треба да им се овозможи мирно опкружување, без многу музика, бучава од телевизорот и стимулации од околината. Некако природно, тие чувствуваат ако нивната соба е уредна и тоа ги смирува. Мирисите, исто така, делуваат многу смирувачки на нив. Тоа можат да бидат природните ароми на омекнувачот за алишта, а не агресивните ароми на освежувачите за просторија. Лесно спијат и лесно може да бидат разбудени. Затоа морате да бидете тивки и да им го обезбедите потребниот мир. Учењето е нешто со што малите Девици ќе бидат воодушевени. Нив многу ги интересира што се наоѓа во внатрешноста на секоја играчка и ќе бидат многу среќни кога ќе успеат нешто да го разделат на делови. Моториката на рацете им е многу складна, додека движењата им се претпазливи и умерени. Повеќе сакаат шетање, отколку трчање.

 

(2-4 години)

На оваа возраст, се повеќе ќе забележувате колку вашето дете е вредно и сака да ги реди играчките, за разлика од децата родени во другите знаци. Дидактичките игри и логиката се развиени до фантастични размери. Влегувањето во колектив и адаптацијата нема да помине без потешкотии, бидејќи малите Девици повеќе ќе сакаат да набљудуваат и ќе им биде потребно подолго време за да се поврзат со своите врсници. Ќе ги интересира математика, па брзо ќе го разберат значењето на броевите. Имаат многу силна меморија и посебно се уредни во цртање и боење. Сакаат да разговараат за ликовите од цртаните филмови. Ќе бидат внимателни во се и секој детал ќе им биде важен.

Ако вашето дете не сака да ја остави боенката бидејќи не завршило со боење на омилената слика, морате внимателно да му раскажете колку поубаво ќе ја заврши сликата кога ќе се наспие. Многу е важно да не бидете престроги, ниту да викате, бидејќи подоцна кај детето може да доминира несигурност и мислење дека во ништо не е доволно добро. Малите Девици се разумни, но и ранливи. Заради тоа што сакаат се да биде совршено, многу често ќе бидат незадоволни, па треба често да ги пофалувате.

 

(4-6 години)

Малата Девица ќе биде воодушевена ако и дадете малку работа дома. Може да ги исчисти своите чевли, или да ги нареди играчките и книгите во својата соба. Ќе се изненадите колку тоа го прави одлично. Овие деца се вистински мали научници. Имаат навистина премногу интереси. Заради варијабилниот елемент на нивниот знак, родителите треба да ги насочат на она што најдобро им оди и каде што постигнуваат најдобри резултати. Добро се снаоѓаат и во учењето на странски јазици. Особено е важно да им се поттикнува креативноста. На приредбите ретко сакаат да имаат главна улога и најмногу сакаат групни настапи.

Сонот им е многу важен заради зголемената работа на нивната меморија - тие помнат и тоа што сакаат и тоа што не им е важно. Никогаш не спијат долго, но важно е да имаат мир, за сонот да не им биде испрекинат.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
7
Права на децата низ илустрации
Децата имаат права затоа што се деца и не треба да ги заслужат своите права. Наша должност е да ги научиме на нивните пр...
6
Дете и телевизија
Разбирливо е колку децата денес сакаат да гледаат телевизија, но родителите се тие кои мораат да ги надгледуваат и до од...
5
Навикнување на нокшир
Кои се чекорите за навикнување на нокшир? (англиско видео)
5




Анкета

Симптоми на породување.
пеперутка16

Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?