|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Детето и домашното милениче

Редакција Рингераја, 24.6.2010
Одгледувањето на домашни миленичиња е еден од највозбудливите настани за децата. Пред конечно да одлучите дали вашето дете ќе живее со домашно милениче под еден покрив, треба да бидете сигурни дека тоа е вистински потег.

image
/11


Обично младите брачни парови се соочуваат со две состојби – или веќе имаат милениче, па потоа дознаваат дека ќе имаат и бебе, или имаат дете, па се двоумат дали да му земат домашно милениче. Двете ситуации не се ни малку слични, па затоа мораме да ги разгледаме одделно.

Од огромно значење е какво милениче имате и дали тоа се шета слободно низ куќата. Лесно е да се претпостави дека животни како украсни рипки или црвено-ушка желка не се закана за здравјето за новороденото бебе, бидејќи тоа нема директен контакт со нив. Спорно е прашањето како стојат работите со чување куче или маче дома. Многу млади родители се соочуваат со дилемата дали да се збогуваат со домашното милениче кога чекаат бебе. Мислењата се контрадикторни, но сите се поврзани со препораката да се одржува добра хигиена во домот каде има новороденче и домашно милениче. Ако одлучите да го задржите миленичето, во тој случај бебето изолирајте го од него, бидејќи имунолошкиот систем на новороденчињата е послаб и лесно може да се пренесат бактерии.

Од емоционална гледна точка раѓањето на детето и неговиот соживот со домашното милениче е исто така тежок момент. Кучињата и мачињата се љубоморни и имаат чувство на отфрленост откако ќе пристигне бебето, па затоа не се секогаш благонаклонети кон него. Домашните миленичиња се чувствуваат изневерени, затоа што сега нивните газди се зафатени со родителство, па немаат толку време да ги негуваат, да им чистат, да ги хранат и шетаат.

Ако веќе имате домашно милениче и чекате бебе, тогаш најдобро е да ја зајакнете хигиената во домот во првите неколку месеци и максимално да избегнувате контакти на животното со новороденото бебе. Времето ќе ви покаже дали ќе се појават проблеми при заедничкиот живот.

Честа ситуација е кога детето од околу 8-10 годишна возраст само пројавува желба да има животинче. Специјалистите советуваат да не носите домашни миленичиња пред детето да наполни шест години. Имајте во предвид и тоа дека првата година на училиште исто така не е соодветно време, затоа што детето сето внимание ќе му го посвети на миленичето.

Општоприфатено е верувањето дека детето полесно развива алергии, ако од мало живее со домашно милениче. Последните истражувања покажаа дека раниот соживот на детето со милениче, не само што не е причина за предизвикување на алергии, туку и го намалува ризикот од алергии воопшто.

Ако одлучите да имате домашно милениче, обидете се да му дадете дел од одговорностите за неговото одгледување на детето. Добро е да му принесува храна и да го носи на прошетки, ако сте се одлучиле за куче. Психолозите се согласуваат дека одгледувањето на домашно милениче ги прави децата поодговорни и посовесни и ги тера да не се чувствуваат осамени, ако се единци во семејството. Постојаната грижа за миленичето создава корисни навики кај детето, дури учествува и во изградбата на неговиот карактер.

Одгледувањето на домашно милениче треба да соодветствува со големината на домот и бројот на членовите во семејството. Недопустливо е одгледување на премногу големо куче во просторија каде што има и мало дете. Важно е просторот да е во согласност и да се одржува добра хигиена за сите, особено за децата, а во истовремено и домашното милениче да се чувствува добро.

Која раса на куче да ја изберете за детето

Мал е бројот на родителите кои не подлегнале пред молбените очи на детето да му земат куче. Ако веќе сте одлучиле, ве советуваме каква раса на куче да одберете:

Боксер – Големо и привидно страшно куче, но со многу добра природа. Се воспитува лесно бидејќи е лаком. Оваа раса на кучиња е една од најпогодните за деца затоа што сака да се игра и не престанува да дарува и бара внимание. Не пројавува агресија кон луѓе, особено кон деца. Силно се приврзува за газдите и затоа има високо изразено заштитничко чувство. Негативна особина е што често боледува и има мал животен век (8-12 години)

Мопс – Припаѓа на модерните раси на кучиња и е соодветен избор за семејствата со деца. Не бара долги прошетки, не е потребна посебна грижа за очите, бидејќи заради збрчканата кожа околу нив не развиваат инфекции. Мопсот има весела природа и е многу нежно и чувствително куче. Проблем е неговата висока цена.

Јоркширски териер – Една од најраспространетите раси кучиња кои се чуваат во семејствата. Зад панделките и фризурите со кои се накитени, се крие едно прекрасно дружељубиво куче. Соодветно е за деца бидејќи сака да си игра и да му обрнуваат внимание. Но сепак не треба претерано да се злоупотребува бидејќи ако се налути почнува силно да лае. Не бара голема нега и е лесно за одгледување.

Кокер шпаниел – Енергичен, лаком и добар, Кокер шпаниелот е прекрасен избор за деца. Комуникативен е и со други луѓе и животни и не е агресивен кон непознати. Проблем може да биде неговата хиперактивност и потребата од движење, но генерално е одлично семејно куче. Не се разболува често и живее 13-14 години.

Германски овчар – Одлично семејно куче кое има потреба од простор за движење и бара чести прошетки. Затоа не го земајте ако живеете во стан. Верен е на газдите до степен да го даде и животот за нив. Исклучително интелигентно куче кое се воспитува брзо и лесно. Резервиран е кон непознати, но никогаш не напаѓа деца туку има посебен однос кон нив.

Раси кои не се препорачуваат за деца : бултериер, ротвајлер, питбул, пинчер.

Доброто куче е пред се воспитано куче. Имајте на ум дека дресурата на кучето е клучна за подобар и безбеден соживот со детето.

Детето и домашното милениче
Со добра подготовка детето и домашното милениче можат многу добро да живеат заедно. Истражувањата покажаа дека децата к...
91
Буцкасто дете – идеал на родителите
Мајките на буцкастите деца често мислат дека нивните деца имаат здрава и нормална телесна тежина, додека мајките на деца...
49
Заболувања на синусите кај децата
“Целиот свет не вреди, колку една единствена детска солза.”
46
Ранко Рајовиќ:Детскиот мозок се развива со...
Доктор Ранко Рајовиќ е лекар, невроендокринолог, основач на „Никола Тесла центар (НТЦ) – отсек за млади таленти“ , кој...
22


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

pasta za zabi
barbi03

Koja pasta za zabi ja upotrebuvaat vasite deca

colgate (58%)

bekytan (18%)

lakalut (25%)


Број на сите гласови: 57

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!