Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Мајките на момчиња сакаат да ми кажат колку сум среќна. Колку ми е лесно во животот бидејќи имам девојчиња кои се преслатки и преубави. Згора на тоа, во еден здив, овие мајки на момчиња ја искажуваат својата симпатија кон фазата “принцеза”, која треба да ја преживувам во следните 10 години. Постојат моменти и кога овие мајки претеруваат.
Па затоа, драги мајки на момчиња, дозволете да ви расчистам некои митови:
Мит: Моите момчиња се толку груби и насилни, што сосема папсав одејќи околу нив. Вие сте толку среќна што имате мали девојчиња
Реалност: Мојата помала ќерка е тркач, алпинист и истражувач. Таа може да отиде и таму каде што не стапнала човечка нога. Исчезнува секогаш кога ќе има можност. Може да влезе во секоја затворена врата/порта. Паѓа, се исправа и продолжува без моја помош. Таа е синоним за нон-стоп. На мене делува исцрпувачки. Мислам дека и недостасува еден Y хромозом за малку да намали со активноста.
Мојата постара ќерка? Нејзиното второ име е афективна агресивност. Може да расплаче момче само ако го прегрне.
Мит: Ухх! Моите момчиња се одвратно валкани. Вие сте толку среќна што имате мали девојчиња.
Реалност: Моето дете еднаш нацрта слика на ѕидот со сопствените каки. Си правеше забава пиејќи вода од чешма и плукајќи ја во чаша. Потоа ја пиеше водата. Мојата слатка малечка ја става раката во памперсот кога е какана. Слатко нели?
Мит: Облеката за девојчиња е најубава. Се е толку слатко! И кога малите девојчиња се облекуваат сами, дури и во различни бои, тие изгледаат прекрасно. Вие сте толку среќна што имате мали девојчиња.
Реалност: За моите девојчиња цела година е сезона на носење на кратки ракави, посебно во декември. Би сакала да облечат еден убав џемпер како момче! Вие сте среќна што вашето дете не сака да облече кратки панталони и тесни фармерки. Тоа е наша обврска.
Мит: Возови насекаде. Камионите со масивни тркала не одат сами на своето место. Јас треба да ги собирам. Вие сте толку среќна што имате мали девојчиња.
Реалност: Да, но ние имаме принцези и облека за нив. И шминки во сите бои кои најчесто се најдуват на нивните лица, на ѕидовите, регалите, теписите и подот. И да, ние исто така сакаме камиони.
Мит: Ооооо...нема да ти завидувам кога девојките ќе станат тинејџерки! Јас сум толку среќна што имам момчиња!
Реалност: Сум слушала приказни од тинејџерските години на мојот маж. Јас можеби ќе треба да се занимавам со малку солзи и драма, но шансите моето дете да биде придружувано од полицаец до дома се многу мали.
Кога вашето дете ве нервира, многу е лесно да се мисли дека тревата е позелена, поголема и поубаво мириса во туѓиот двор. Тоа што моите девојчиња носат панделки, не значи дека нашата када не е валкана. Сите ние ги имаме истите предизвици како родители. Ајде да се согласиме дека секое дете е полно со изненадувања и да ги зачуваме своите нерви за времето кога овие момчиња/девојчиња ќе бидат тинејџери.
Јас тогаш ќе се скријам под креветот.
забава Бремените
Автор: bobik
Колострум за време на бременоста
Можеби сте забележале жолтеникава течност на градите или на градникот ...
Кога детето ќе настине или се соочи со респираторна инфекција, родител...
Дали болеста значи пауза од вакцини?
Вакцинацијата е една од најважните заштитни мерки за здравјето на беби...
Како да не ги пренесеме нашите трауми на децата?
Сите ние носиме дел од нашето минато, убави моменти, но и болни искуст...
Болни менструации. Што е нормално, а што не?
Менструацијата е природен дел од животот на секоја жена, но за многуми...
Доење.
Admin
Дали мислите дека е вистина дека колку подолго жената дои, толку е подобар имунитетот на детето?