|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Дневникот на Pepelaska RR

image
/11


 

 

Ги запознав пред неколку години. Двајца прилично млади луѓе, скромни и прекрасни.Тој со долгогодишна кариера на капетан, таа - омилена професорка на учениците од цел град. 

Случајна игра на судбината ме поврза со нивната судбина. А таа, ни најмалку не беше лесна. Болката која им тежеше во душата само тие си ја знаеја. Знаев дека се чувствуваат празно, знаев дека срцето ги боли, знаев колку љубов чуваат во себе а не можеа да ја подарат.
Покрај се, беа толку гостопримливи и неверојатно добри луѓе кои не можеш а да не ги сакаш. Таа позитивна енергија која ја имаа, таа харизма со која ги освојуваа симпатиите на секој кој ќе ги запознаеше едноставно не те остава рамнодушен, тие ми влегоа во срцето.
Нивниот дом беше прекрасно уреден, секогаш беспрекорно среден, имаа украси од кристали, сребрени и златни сервиси за ручање , имаа се што би посакал секој од нас.
 Токму во тој дом ја почувствував тежината на нивната болка.Тишина која убива, која стежнува на душата на секој кој ќе го посетеше нивниот дом.Толку прекрасна и полна, а сепак празна и безживотна куќа. Нивната болка најмногу ја почувствував кога јас станав мајка. Во нивниот дом веќе долги години не се слушаше бебешки плач. Кога и да седев во нивната раскошна дневна соба очекував дека од некаде ќе се појави мало разбушавено детенце и на таа прекрасна жена ќе и рече МАМО.
Но, годините беа долги и тешки.Патот преполн со трње и камења само тие знаат како го изодеа. Ќе ги болат лузните и спомените на тоа безживотно време.
Надежта последна умира - велеа.
                                              ***
Сега веќе не се веќе толку млади.Пред неколку дена им бев на гости. Во тој дом сега плачат две преслатки бебенца. Сега нивната дневна соба мириса на бебешки алишта, на бебешки шампони.
Сега се сопнуваат на тропалки, сега кога влегувам таму ја нема убиствената тишина. Мириса на живот кој ветува. Бог е голем. А големи и се и тие кои имаат трпение и силна волја да издржат се. Големи се тие кои не се откажуваат. 
Нив никогаш не им беше важно богатството. А сега, сега се најбогатите луѓе на светот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
4
Освежителна Велигденска торта
Како за кратко време да направиме овошна, освежителна и истовремено вкусна торта?
4
Фото: Во играта не постои хендикеп!
На почетокот нема многу да очекувате од овој стрип, но на крај ќе ве погоди како еден тон цигли...
4
Избираме најубава творба: Марко Варга
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати мајката на Марко Варга
4




Анкета

карактер
ivoni4ka

Што е пресудно за оформување на карактер на дете?

генетика (12%)

опкружување (88%)


Број на сите гласови: 8

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!